Мудроста на Брус Ли: 4 принципи за зацврстување на духот
Брус Ли достигнал светска слава не само поради неговите филмови и неверојатни боречки вештини, туку и поради неговата репутација на голем филозоф. Неговиот поглед кон светот сѐ уште служи како инспирација за луѓето ширум светот. Тој секогаш со себе носел бележник во кој ги запишувал важните мисли што му се јавувале во текот на денот. Неодамна овие белешки излегоа и во јавноста. Неговите мисли за зацврстување на духот и телото се особено извонредни. Погледнете кои се 4-те принципи на Брус Ли…
1. За силата на волјата и емоциите
„Знам дека силата на волјата е врховна власт на сите делови од мојот ум, затоа редовно ќе ја практикувам кога ќе почувствувам потреба да дејствувам од која било причина и ќе формирам навики чија цел ќе биде да ја спроведат моќта на мојата волја на дело барем еднаш дневно.“
„Со оглед на тоа што моите емоции се позитивни и негативни, ќе формирам дневни навики кои ќе го поттикнат развојот на позитивни емоции и ќе ми помогнат да ги претворам негативните во некој вид корисно дејство.“
2. За разумот, фантазијата и сеќавањето
„Знам дека моите позитивни и негативни емоции можат да бидат опасни доколку не ги насочам кон посакуваната цел, затоа ќе ги препуштам сите мои желби, цели и причини на мојот разум и секогаш ќе го следам разумот кога ќе сакам да ги искажам истите.“
„Знам дека ми требаат добри планови и идеи за да ги остварам моите желби, затоа ќе ја развивам мојата фантазија со тоа што ќе ја повикувам секој ден за да ми помогне во правењето планови. Креативната интуиција ги отвора изворите на благосостојба кај човекот, ја активира нивната внатрешна светлина, слободна е и неограничена.“
„Знам колку е важно да се има остар ум и остро сеќавање, затоа ќе ги поттикнам моите да бидат такви со тоа што јасно ќе ги повикувам мислите на кои сакам да се сетам и ќе ги поврзувам тие мисли со нешто слично што ме потсетува на нив.“
3. За потсвесниот ум и човечката свест
„Знам какво влијание има мојата потсвест на моќта на мојата волја, затоа ќе се погрижам да ја препуштам потсвеста на јасната и дефинирана слика за главната смисла на моето постоење и сите споредни што ќе доведат до главната смисла и ќе ја покажувам оваа слика на мојата потсвест со тоа што ќе ја повторувам постојано.“
„Знам дека моите емоции честопати грешат поради нивниот преголем ентузијазам и мојот разум останува без топлото чувство кое е потребно за да ми овозможи да ги комбинирам правдата и милоста во моите проценки, затоа ќе ја поттикнам мојата свест да ме води и да ми кажува што е правилно а што погрешно, но никогаш нема да отстапам од одлуките што ќе ги донесе, без оглед на последиците што ќе настанат од нивното спроведување.“
4. За животот
„Никогаш нема да добиете од животот повеќе од она што го очекувате. Фокусирајте ги вашите мисли на она што го сакате и она што не го сакате. Набљудувајте што се случува внатре во вас. Никој не може да ве повреди освен ако не му дозволите. Внатре во себе, на психолошко ниво, бидете никој.“