Моќни цитати на Ричард Гир за светот и среќата

Моќни цитати на Ричард Гир за светот и среќата

Во продолжение прочитајте дел од најдобрите цитати на Ричард Гир, еден од најпознатите американски актери.

Моќни цитати на Ричард Гир за светот и среќата

„Направив многу грешки. Клучот во животот е да се учи од нив. Бев премногу интроспективен, но мислам дека тоа произлезе од несигурноста или срамежливоста. Ми требаше многу време да пораснам.“

„Никој не е имун на љубезноста.“

„Мислам дека филмовите веројатно се огледало на некој начин за да можеме да се видиме себеси во нив.“

„Кога некој има силна интуитивна поврзаност со некој друг, будизмот сугерира дека тоа е поради кармата, некоја мината врска.“

„Секако дека имало подобри актери од мене кои немале актерска кариера. Зошто? Не знам.”

„Како чувари на планетата, наша одговорност е да се однесуваме со сите животински видови со добрина, љубов и сочувство. Неразбирливо е животните да страдаат поради човечката суровост.“

„Она што на сите ни е заедничко е добрината и сочувството – сите религии го имаат ова. Сите ние се осврнуваме кон љубовта.“

„Попрво би сакал да бидам сакан отколку да имам пари и сите други работи.“

„Од будистичка гледна точка, емоциите не се реални. Како актер, произведувам емоции. Тие се дел од претставата. Но, реалниот живот е ист. Едноставно не сме свесни за тоа.“

„Луѓето секогаш зборуваат за слобода. Слобода да се живее на одреден начин. Се разбира, колку повеќе живеете на одреден начин, толку помалку се чувствувате слободни. Јас можам да се променам во текот на еден ден. Се будам и сум една личност, кога ќе заспијам навечер сигурно сум некој друг. Најчесто не знам кој сум.“

„Луѓето не разбираат што претставува среќата. Тие само имаат некаква идеја за она што може да ги направи среќни, но, во суштина, тоа не ги прави среќни.“

„Да можете да го прочитате сопствениот ум значи да се погледнете себеси и да си ја прочитате душата, а дури тогаш омразата ќе се претвори во љубов.“

Откако ги прочитавте овие цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и моќните цитати за животот од зен учителот Тич Нат Хан.

Извор: wealthygorilla.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар