Мистериозното значење на бројот 3: Зошто Никола Тесла бил опседнат со овој број?

Мистериозното значење на бројот 3: Зошто Никола Тесла бил опседнат со овој број?

„Ако ви е јасно значењето на броевите 3, 6 и 9, тогаш ќе го имате клучот на универзумот во ваши раце“, говорел големиот научник Никола Тесла.

Интересно е тоа што овој гениј правел еден куп мистериозни експерименти, а најголемата мистерија бил тој самиот. Сите големи умови имаат по некоја опсесија, но оваа на Тесла е дефинитивно една од најинтригантните.

Мистериозното значење на бројот 3: Зошто Никола Тесла бил опседнат со овој број?

Тој секогаш вртел по три круга околу зградата пред да влезе, ги чистел чиниите со 18 салфети и живеел во хотелски соби чиј број можел да го подели со 3. Тој ги пресметувал деливите работи околу него и секогаш сакал да бидат деливи со 3. Сѐ што правел, правел по 3 пати.

Но, Тесла не е единствениот гениј кој бил опседнат со овој број. Познато е дека многу уметници, научници и писатели биле опседнати со бројот 3, меѓу кои и Данте Алигиери, чие ремек-дело „Божествена комедија“ се заснова на овој број.

Некои сметале дека опсесијата на Тесла потекнува од опсесивно-компулсивното нарушување, а други верувале дека е многу суеверен. Сепак, вистината е многу покомплицирана.

Тој не бил опседнат со сите броеви, туку со неколку посебни, како што се 3, 6 и 9. Тесла тврдел дека овие броеви се многу важни, но никој не му обрнувал внимание. Па, зошто баш овие броеви? За да го сфатиме ова, прво треба да разбереме дека луѓето не ја измислуваат математиката, туку ја откриваат. Таа е универзалниот јазик и закон на сето она што нѐ опкружува.

Постојат модели кои се појавуваат во универзумот по природен пат како што се галаксиите, настанувањето на ѕвездите, еволуцијата и речиси сите природни системи. Некои од тие модели се нарекуваат „Златен пресек“ и „Света геометрија“.

Тесла пресметал дека планетите се поврзани со овие броеви. Многу важно место заземаат и бројките на бинарниот систем, чиј модел функционира на тој начин што почнува од еден и потоа продолжува со дуплирање на броевите. Клетките и ембрионите функционираат според истиот систем.

Гениите се луѓе кои најмногу разбираат како функционираат на тајните на универзумот и речиси сите големи умови биле опседнати со бројот 3. По сето ова, би требало да се запрашаме дали бројот 3 е навистина божествен како што верувале Тесла и Данте?

Доколку сакате да дознаете повеќе за овој научник, прочитајте го и генијалниот одговор на Никола Тесла на прашањето зошто никогаш не се оженил.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар