Микрокосмос: слики направени со скенинг-електронски микроскоп
Оваа колекција од слики е направена со помош на скенинг-електронски микроскоп (SEM) и е поставена во книгата „Микрокосмос“ од лондонскиот научен автор Брендон Брол. Ова спектакуларно издание е патување низ минијатурниот свет кој ни ги прикажува сите убави и неубави детали. Фотографиите опфаќаат сè од домаќински предмети до делови на човечкото тело.
Книгата им ја прикажува на читателите убавината на она што е премногу мало за да се види со голо око.Фотографиите се фатени најпрво со помош на традиционален светлосен микроскоп, потоа со скенинг-електронски микроскоп (врз објектот кој се набљудува тој испраќа голем сноп електрони и на тој начин се прикажува слика со помош на компјутер) и на крајот со електронски трансмисионен микроскоп.
Книгата е составена од шест дела меѓу кои се делот со зоологија, човечко тело и ботаника. Се надеваме ќе уживате во извонредните фотографии доловени со напредокот на технологијата.

спори на водено лутиче

кристали на калциум фосфат

спори од печурка

остатоци од влакна меѓу сечилата од бричот

осумте очи на главата на тарантула

вошка прицврстена на косата

глава од комарец

врвот од јазикот на птицата сколовранец

домашна прашина (мачешко крзно, волнени конци, остатоци од растенија и инсекти)

човечки сперматозоиди

бактерии на површината на човечкиот јазик

јагода

женски трепки

површина на силиконски микрочип

мравка која држи микрочип