Маж ѝ се развикува на својата жена, а потоа ѝ го вели ова…
Факт е дека жените некогаш се престроги со мажите, па нив неретко им се смачува од тоа. Затоа овој маж одлучил да ѝ се развика на својата жена, а потоа рекол нешто што многу ја изненадило…
Додека жената правела јајца, нејзиниот маж нагло влегол во кујната. Тој веднаш ги здогледал јајцата и панично извикал: „Внимавај! Стави уште малку путер! Те молам, внимавај! О, Господе!“
Жената, збунета од неговата реакција, се стрчала до фрижидерот да земе путер.
„Премногу јајца правиш наеднаш! Премногу! Сврти ги! Сврти ги сега!“
Загрижена поради грубиот однос на мажот, заборавила на путерот и се стрчала до јајцата.
„Ни треба путер! Дали си луда?! Каде e путерот? Ќе се залепат, побрзај!“
Жената се стрчала накај фрижидерот, но тогаш…
„Внимавај на јајцата! ВНИМАВАЈ! Никогаш не ме слушаш кога готвиш! Сврти ги побрзо! Ама не толку брзо, зарем не знаеш да готвиш?! Луда си?! Сврти ги проклетите јајца!“
Во тој момент, жената започнала да плаче, затоа што не знаела што попрво да направи. Таа низ плач го прашала: „Што ти е?! Секако дека знам јајца да правам!“
Мажот се насмевнал и искоментирал: „Ништо, само сакав да ти покажам како изгледа кога возам со тебе во автомобил“ и си заминал.