Машки навики кои не им се допаѓаат на жените

Машки навики кои не им се допаѓаат на жените

Жените по природа се уредни, се грижат за себе и за својот изглед, користат скапи препарати за што подолго да го задржат својот младешки изглед, се депилираат и се негуваат. Па, не е ни чудно што го очекуваат истото и од својот партнер. Имено, на еден блог се изјасниле 50 жени за тоа кои машки навики им се најодбивни, а овде ги издвојуваме петте најчести.

Машки навики кои не им се допаѓаат на жените

1. Чешање на меѓуножјето

Кога мажите често посегнуваат кон своето меѓуножје и енергично се чешаат, тоа е многу неубава навика што ѝ паѓа во очи на секоја жена. Иако чешањето е природна појава, за сѐ постои место и начин.

2. Влакна од носот или ушите

Влакната навистина не се привлечни, особено ако при разговорот забележите дека тие се појавуваат од носот или од ушите.

3. Првут

Првутот може да се отстрани, но бара малку труд, односно често миење на косата и користење посебни, специфични шампони. Не постои речиси ништо понепривлечно од кошула каде што има многу првут.

4. Валкани и неуредни нокти

Убавите раце се една од најпривлечни работи кај мажите, а доколку се негувани и чисти, ретко која припадничка на понежниот пол истиот момент нема да се замисли во нивна прегратка. Валканите раце пак, од друга страна, изгледаат доста непривлечно. Тука исклучок се луѓето кои работат тешка физичка работа, но тоа не значи дека тие не може да се негуваат.

5. Лоша хигиена на забите

На секој може да му се случи да има непријатен здив по јадењето вкусен ручек или вечера, но оралната хигиена е нешто сосема друго. Миењето на забите е најмалку што еден маж може да го направи за себе, па затоа, оваа лоша навика заслужува голем минус.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар