Мамурлак од благо! Да, добро слушнавте и е исто толку тежок колку и оној од премногу алкохол!
Можеби вечерва се предозиравте од чоколади и вафли, па не се чувствувавте добро утрово. Се чувствувате како да имате мамурлак и навистина го имате, но поради премногу шеќер!
Знаеме дека мамурлаците се последица од консумирање премногу алкохол, но и слатките работи може да предизвикаат слично чувство!
Значи, не станува збор за мамурлак во буквална смисла, но доколку јадете премногу слатки, можеби ќе добиете некои симптоми на мамурлак: нервоза, главоболка и вртоглавица.
Според нутриционистот Ким Ларсон мамурлакот предизвикан од шеќер навистина постои, во смисла дека може да се почувствувате лошо кога внесувате премногу шеќер.
На почетокот, преработениот шеќер го зголемува нивото на ендорфин во организмот и прави да се чувствуваме добро. Но, потоа настанува ненадеен пад на шеќерот во крвта, што прави да се чувствуваме уморно, нервозно и иритирано.
Јадењето бонбони само повремено не е толку страшно, но ако консумирате многу шеќер премногу често, тоа може да има долгорочни здравствени ефекти, па дури може да доведе и до промени во мозокот.
Навика која брзо станува зависност
Ако често консумирате многу шеќер, постои ризик тоа да ви стане навика, а д-р Лора Шмит од универзитет во Сан Франциско вели дека навиката всушност станува зависност.
Иако овие истражувачки досега не спровеле одредено истражување за ваквиот тип мамурлаци, тие имаат доста добри докази за поврзаноста меѓу неверојатната желба за благо и последиците од неговата консумација. Велат дека во одреден временски период, може да го промените составот на „центарот за наградување“ на мозокот. А тоа е нешто за што треба да се размисли, вели д-р Шмит.
Шеќерот го зголемува нивото на домапин, во делот на мозокот кој е поврзан со чувството на задоволство. Ако инјектираме допамин „однадвор“ во телото преку внесување слатки, со текот на времето мозокот почнува да „сфаќа“ дека не мора да произведува толку допамин.
Затоа, веднаш штом „надворешниот допамин“ или слатките нешта ќе се намалат или елиминираат, доаѓа таа нескротлива желба за благо.
Најдобар начин да ги избегнете овие негативни последици од внесувањето на шеќер е да ја ограничите консумацијата на храна и пијалаци што го содржат.
Според овие истражувачки нема потреба од внесување шеќер во организмот на дневно ниво.
Можеби сакате да го прочитате и овој нов доказ: Кафето го штити мозокот.