Мајките и ќерките се најдобри пријателки. Еве зошто…
Вие не сте само роднински поврзани, вас ве поврзуваат интуицијата, искуствата, начинот на размислување. Колку пати вашата мајка ви се нашла, ви помогнала? Можеби не знаете, но и таа некогаш се потпира на вашата помош. Еве што го карактеризира пријателскиот однос на мајките и нивните ќерки.
1. Женската интуиција и вашата поврзаност ви помагаат да се разберете без да прозборите ниту еден збор
2. Можете меѓусебно да си споделите одлични совети за љубовните проблеми
3. И двете знаете дека една на друга сте си најдоброто рамо за плачење
Не сакате да ја видете тажна, но време е да ѝ се оддолжите за сите солзи кои ви ги избришала во текот на сите овие години.
4. И двете ги имате истите проблеми, само од различна гледна точка
Мајките се во право кога викаат дека ве разбираат, тие навистина ве разбираат.
5. Таа секогаш ги има најдобрите совети за секоја ситуација
Но, со текот на годините вие ѝ ја возвраќате мудроста која и нејзе ѝ е некогаш потребна.
6. Ако некој каже нешто по малку негативно за другата, вие веднаш сте подготвени да влезете во голема војна за да ја одбраните
Доколку реченицата не завршува со „таа е одлична девојка/жена, па можеби и најдобра што сум ја сретнала“, подобро да не ја ни започнуваат реченицата.
7. Секогаш знаете една за друга што најдобро ве расположува
Кога бевте малечка, таа веројатно ви даваше од вашите омилени колачиња, а вие вашето ново „уметничко дело“. Веројатно сега и двете се тешите со по една чаша вино.
8. Си ги делите алиштата и шмниките
Како мала вие потајно ѝ го крадевте карминот, сега таа го прави тоа.
9. Имате премногу интерни шеги.
Веројатно затоа што го имате истиот ген.
10. Таа знае дека ќе донесете глупава одлука, уште пред вие да дознаете
Вие си мислевте дека тој е љубовта на вашиот живот, а таа знаеше дека е лажго и измамник една година пред вие да го дознаете тоа. КАКО?
11. Таа ве учи како да ги припремите вашите омилени јадења, но сè уште се радува да ги зготви за вас секогаш кога се враќате дома
12. Забавувањето со неа е супер идеја
Понекогаш нејзиното друштво е најпријатно од сите други.
13. Таа може да ви ја каже суровата вистина
14. Комплиментите кои си ги давате една на друга ви се најзначајни
ВНИМАТЕЛНО, ЗГОДНА МАЈКА НА ПАТОТ!
15. Ако 18 години од вашиот живот го живеете со убедувањето дека никогаш нема да бидете како неа, останатите ги поминувате надевајќи се дека ќе станете токму како неа
Зошто не може во личната биографија да се внесеме како двојници со нашите мајки?
16. Кога се карате, се карате за сè освен за проблемот поради кој избила кавгата
Со многу плачење, викање, а по некогаш и воени тенкови.
17. Но за среќа, кавгите траат кратко и најчесто завршуваат со топли прегратки
18. Секогаш имате некој со кој можете да зборувате на женски теми
Таа ве научи дека не се умира од првиот менструален циклус, сега на вас е да ја сослушате за нејзината менопауза.
19. Знаете да си ги погодите совршените подароци за роденден и Нова година
Ако се расплаче, да, сте ѝ го погодиле!