Мајка го слуша чукањето на срцето на својот починат син во телото на девојката на која го донирале

Мајка го слуша чукањето на срцето на својот починат син во телото на девојката на која го донирале

Велејќи дека нејзиниот Метју е таму, Вики Бренон се расплакала кога го доближила увото до градите на Џенифер Лентини и го слушнала биењето на нејзиното срце кое до пред 19 години му припаѓало на нејзиниот син. Пред две децении таа го загубила своето чедо и одлучила веднаш по неговата смрт да ги донира неговите органи и со тоа да им даде шанса да живеат на оние на кои можело да им се помогне на тој начин во моментот.

Мајка го слуша чукањето на срцето на својот починат син во телото на девојката на која го донирале

Тој загинал на 5 јули 1996 година како последица на раните добиени по едно несреќно испукување со огнено оружје од страна на негов пријател. Веќе следниот ден Вики одлучила да ги даде неговите здрави органи на некого кому му требаат и срцето веднаш го добила тогаш 13-годишната Џенифер, која со месеци чекала за трансплантација на срцето. Многу години подоцна, благодарната девојка ја пронашла мајката на Фејсбук и организирала средба со неа. Вики била пресреќна кога го слушнала биењето на срцето во нејзините гради, се прегрнале и двете заедно липале. Се договориле да останат во контакт.

Мајка го слуша чукањето на срцето на својот починат син во телото на девојката на која го донирале

Вики изјавила дека се грижела дали Џенифер добро ќе го прифати срцето затоа што не би можела да поднесе некој со тоа срце повторно да умре, но добила уверување дека новиот сопственик добро се грижи за срцето преку здрав начин на живот.

„Тој е мојот ангел-чувар“ – вели Џенифер за нејзиниот син.

„Пресреќна сум, син ми има добро, силно срце кое ја одржало во живот. Се чувствувам како да сум добила ќерка“ – вели Вики.

Мајка го слуша чукањето на срцето на својот починат син во телото на девојката на која го донирале

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар