Мачињата се шетаат слободно во оваа книжарница, а купувачите дури може и да ги вдомат
Кога сакате да вдомите маче одите во прифатилиште за животни, но кога сте во Канада може тоа да го направите и во „Otis & Clementine’s Books and Coffee“, книжарница во Нова Шкотска, која има иновативен пристап во убедувањето на луѓето да ги спасат мачињата.
Секој кој ќе влезе да купи добра книга, ќе забележи нешто необично и многу симпатично. Мачиња на сите страни! Тие можеби читаат и книги додека никој не ги гледа!
Мачиња биле преземени од прифатилиште за животни со надеж дека љубителите на книги ќе се вљубат во нив и нема да можат да му одолеат на предизвикот, а да не ги однесат дома. Просторот во книжарницата им овозможува на мачињата да се дружат и да се навикнуваат на луѓето.
Сопственичката на продавницата, Елен Хелмке, започнала да вдомува мачиња, откако сфатила дека има простор во книжарницата кој може да се искористи. Со малите мачиња се и нивните мајки. Досега купувачите вдомиле околу 30 од нив.
Таа вели дека луѓето почнале да доаѓаат специјално за да си земат маче, а некои од нив доаѓале за да си купат книга, па случајно наидувале и на мачињата. Во секој случај, решението е навистина одлично – кој не сака мачиња, нели?
Погледете ги и преостанатите фотографии од овие од овие преслатки мачиња на следната страница…