Лофотен – аномалијата на Арктичкиот круг

Лофотен – аномалијата на Арктичкиот круг

Архипелагот Лофотен во Норвешка се наоѓа северно од Арктичкиот круг. Сепак, во текот на годината има температури кои се косат со неговата местоположба. Тоа е така поради најголемата позитивна температурна аномалија поврзана со географската ширина. Тоа го прави Лофотен – Арктички рај. Бидете подготвени. Ова место го одзема здивот.

Лофотен - аномалијата на Арктичкиот круг

Тука можете да најдете безброј видови морски птици, како што се морскиот орел, кормораните и пафините. Видрите се вообичаени жители на островот, а од рибите најзастапен е лосот.

Лофотен - аномалијата на Арктичкиот круг

Доселениците на еден од островите, му го дале името Лофотен што значи „стапалото на рисот“. Друг остров бил крстен „стапалото на волкот“, а всушност, од птичја перспектива овие острови навистина наликуваат на стапките од овие животни. Но сепак, целиот архипелаг се вика Лофотен и е област во норвешкиот Нордланд.

Лофотен - аномалијата на Арктичкиот круг

Благодарејќи на климата, Лофотен е центар на риболовците на бакалар векови наназад. Ваган е првиот забележан град во северна Норвешка кој исто така бил Викиншки град. Луѓето се привлечени кон Лофотен поради неговиот прекрасен морски живот. Бакаларите, кои мигрираат од Баренцовото море, доаѓаат во Лофотен да се мрестат и од неодамна тоа е главен профит во рибарската индустрија. Со векови, Норвешка е најголемиот извозник на бакалар од Северна Европа.

Лофотен - аномалијата на Арктичкиот кругЛофотен - аномалијата на Арктичкиот круг

Лофотенските планински врвови сигурно не наликуваат на стапало од рис. Тие се нарекуваат Лофотенски ѕидови кои, гледани од птичја перспектива, ги покриваат останатите врвови зад нив. Всушност, поставеноста на врвовите кои се 1.100 метри високи, е таква што тие ги преградуваат сите острови во архипелагот.

Лофотен - аномалијата на Арктичкиот круг

Она што ја создава аномалијата на Арктичкиот круг се многубројните заливски потоци кои се под влијание на Норвешката струја и Северноатлантската струја. Глетката на реки и поточиња ќе ве натера да се запрашате дали сте навистина во Арктичкиот круг, бидејќи кога ќе се спомне самото име, веднаш помислуваме на снег и неверојатно ладни зими.

Лофотен - аномалијата на Арктичкиот круг

Овие прекрасни острови изобилуваат со природни богатства, но сепак, нивната репутација не е глобална. Планините со издолжените врвови изгледаат дури и нереално. Нема да се изненадите ако некој од локалните жители се претвори во хобит 🙂

Лофотен - аномалијата на Арктичкиот круг

Лофотен има и убави плажи, но капењето во овие води може да биде опасно поради морските струи. Сепак, во близина на брегот, водите се прилично мирни.

Лофотен - аномалијата на Арктичкиот круг

Архипелагот е најсеверното место во светот каде годишните температури се над нулата. Во јануари, во просек е -1 степен, а во летните месеци просечните температури се 13 степени Целзиусови. Најтоплата температура измерена тука е 30,4 степени. Не е премногу топло, но земајќи предвид каде се наоѓа….

Лофотен - аномалијата на Арктичкиот круг

Лофотен е толку далеку на север што може да го искусите и полноќното сонце. Секоја година од 26-ти мај до 17-ти јули, сонцето е над хоризонтот 24 часа на ден, односно никогаш нема потполна ноќ. За разлика од тоа, во зимските месеци од 9-ти декември до 4-ти јануари е целосно темно. Оваа состојба не е идеална за да биде место на живеење, па така ова е еден од недостатоците на овие острови.

Лофотен - аномалијата на Арктичкиот круг

Логично, овој архипелаг е под заштита на UNESCO, а тимот на National geographic го рангираше трет на листата на најубави острови во светот.

Лофотен - аномалијата на Арктичкиот круг

Во просек има по 100.000 туристи во текот на годината, што е релативно малку за ваква убавина. Но, прашањето е: Дали би сакале да го поделите ова волшебно место со останатиот свет?

Лофотен - аномалијата на Арктичкиот круг

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар