Љубовни дестинации за романтично бегство

Љубовни дестинации за романтично бегство

Доколку сте решени со партнерот да заминете на некое романтично патување, а не сте сигурни каде сакате да појдете, овие неколку препораки ќе ви бидат добредојдени. Европа изобилува со многу интересни и романтични места кои можат да ја разгорат страста во вашата врска. Ова се дел од најпосетуваните дестинации за овој период од годината, кога се наближува Денот на вљубените.

1. Виена, Австрија

Главниот град на Австрија е една од колевките на културата во Европа. Бидејќи културата, уметноста и љубовта се поврзани на некој начин, тогаш овој град може да ви понуди навистина возбудливо доживување. Прекрасната архитектура, познатите музеи и културни случувања кои ги има во изобилство, ќе придонесат да го искористите времето максимално и да уживате во секој момент. Задолжително посетете го музејот на Зигмунд Фројд и пробајте некои од фантастичните слатки.

Љубовни дестинации за романтично бегство

2. Венеција, Италија

Прекрасниот град на вода во Италија, е местото кое целиот свет го смета како симбол за вистинска љубов и романтика. Доколку имате услови да појдете, возењето на гондола, прекрасното капучино и мостот на воздишките со сигурност ќе ја разгорат страста во вашата врска.

Љубовни дестинации за романтично бегство

3. Прага, Чешка

За златниот град на Европа веќе имавте прилика да прочитате. Прекрасните дворци, Карловиот мост и куќата на познатиот писател Франц Кафка се места кои задолжително морате да ги посетите доколку се наоѓате во главниот град на Чешка. Доколку не сте големи љубители на културата, можете да се сместите во романтичен хотел со поглед кон реката Влтава и да уживате во прегратката на вашиот партнер.

Љубовни дестинации за романтично бегство

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар