Линијата на среќата открива што ве чека во животот: Пронајдете ја на вашата дланка и дознајте си ја судбината!

Линијата на среќата открива што ве чека во животот: Пронајдете ја на вашата дланка и дознајте си ја судбината!

Сè што треба да направите е да погледнете во својата дланка. Линијата на среќата уште се вика и линија на судбината, бидејќи открива каква судбина нè очекува. Се гледа на двете раце, но на десната е поважна.

linijata-na-srekjata-otkriva-shto-ve-cheka-vo-zhivotot-pronajdete-ja-na-vashata-dlanka-i-doznajte-si-ja-sudbinata-kafepauza.mk

Пронајдете ја вашата линија на среќата и погледнете го значењето.

Во најопшта смисла, доколку линијата на среќата е нагласена и јасна, тогаш во животот ќе ви се отвораат патишта (во зависност од подолните значења), а ако е бледа и испрекината, значи дека ќе мора добро да се запнете за да си го создадете сами патот.

2-linijata-na-srekjata-otkriva-shto-ve-cheka-vo-zhivotot-pronajdete-ja-na-vashata-dlanka-i-doznajte-si-ja-sudbinata-kafepauza.mk

Ако линијата на среќата ви започнува на Сатурновиот брег, значи дека ќе стекнете богатство и благосостојба, но присутна е и склоност кон скржавост и цицијашење.

Ако линијата на среќата ви започнува на Јупитеровиот брег, загарантиран ви е исклучителен успех и среќа на сите полиња во животот. Најдобро е во ваков случај да се занимавате со она што го сакате.

Ако линијата на среќата ви започнува на Венериниот брег (исклучиво во делот на дланката), секогаш ќе имате среќа во љубовта, но за другите работи ќе мора да се потрудите.

Ако линијата на среќата ви започнува на Месечевиот брег, својата среќа ќе мора да ја пронајдете некаде далеку од местото каде што сте се родиле. Во спротивно, засекогаш ќе се чувствувате заробено.

Ако линијата на среќата ви започнува на Меркуровиот брег, имате исклучителна ораторски дарба и способност за манипулација, посебно со употреба на зборови. Насочете се во таа насока и нема да згрешите. Можете да бидете одличен предавач, но и политичар.

Ако линијата на среќата ви започнува на Марсовиот брег, ќе имате изразени амбиции и висока позиција во општеството.

Секако, на секое од овие значења мора да го примените и првото правило кое се однесува на тоа дали линијата ви е јасна или испрекината.

Ако ве интересира читање од дланка, прочитајте и:

1. Што ви е запишано на дланките?
2. Што кажува линијата на срцето на вашата дланка за вашиот живот?
3. Погледнете ги линиите на вашите дланки и откријте каков брак ве очекува


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. elle Reply

    Цицијашење? Таков збор не постои во нашиот јазик. Смалете со лошите преводи, бар вие си држите ниво на фини текстови. Поздрав.

Остави коментар