Лекции за љубовта и пријателството од хит-комедијата „Пријатели“
Или сте заедно или не сте
Сигурно знаете што се случи со Рос и Рејчел кога одлучија да бидат на пауза. Тоа нè поучува да ја дефинираме врската и секогаш да знаеме на што сме. Паузата е само чекор поблиску до самиот крај а може и посилно да ги повреди и двете страни.
Врската базирана на пријателство понекогаш успева
Моника и Чендлер во серијата со години беа пријатели. На крај сепак излезе дека се совршени еден за друг, само требало да мине време за и двајцата да созреат и да сфатат дека си припаѓаат еден на друг. Но понекогаш и не е така. На пример, Рејчел и Џои. И тие исто така пробаа да бидат нешто повеќе од пријатели, но меѓу нив просто не постоеше таква хемија.
Љубовта знае да биде тешка
Рос и Рејчел во текот на десетте сезони беа во вжештени и турбулентни односи. Еднаш се сакаа, па се мразеа, па си љубомореа, одмаздуваа, лутеа и што ли уште не. Сепак, на крајот останаа заедно. Љубовта понекогаш знае да биде тешка, бара трпение и труд за да успее, но на крај се исплаќа.
За крај, некои пријателства навистина траат засекогаш
Пријателството на некој начин е слично со љубовта. Ќе искусите разочарувања, но ќе го пронајдете и вистинското. Ќе поминете низ краткотрајни пријателства, лицемерни и површни луѓе, но има и такви кои ќе траат вечно.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.