Легендарни женски улоги кои за малку не ги одиграле други актерки
Добро познато е дека успехот на филмот во голема мера зависи од изборот на актерите, па така често ни се случува едноставно да не можеме да замислиме некој друг да глуми некоја улога затоа што актерот толку добро се поврзал со карактерот. Голем број од глумците кои добро „продале“ некоја улога цел живот остануваат запаметени по неа.
Па така кога ќе се сетите на легендарниот филм „Клеопатра“ прво пред очи ви излегува ликот на Елизабет Тејлор, исто како што не можете да замислите некој друг на местото на Марлон Брандо во „Кум“. Следат неколку интересни женски карактери од познати филмови кои би можеле да бидат глумени од други актерки и во тој случај би биле многу поразлични.
1. Бритни Сприс како Али Хамилтон во „The notebook“
Сакајќи да ја искористат нејзината база на фанови, луѓето зад оваа ултрапопуларна љубовна драма размислувале токму Бритни Спирс да ја глуми милата Али Хамилтон. Среќа, се одлучиле за Рејчел Мекадамс која улогата ја долови феноменално, а и хемијата меѓу неа и Рајан Гослинг е неоспорна. Реално, можете ли да замислите некоја друга на нејзиното место?
2. Сара Мишел Гелар како Шер Хоровитц во „Clueless“
Првиот избор за улогата на размазената Шер паднал токму на Сара, но холивудската историја е поинаква само поради лоша проценка во датумите. Наводно, снимањето на филмот се поклопувало со снимањата на „All my children“ и само поради ова Сара ја одбила улогата. Иако физички и не се премногу различни со Алиша Силверстон, сепак имаат различна хемија пред камерите, па „Clueless“ со Сара Мишел Гелар би изгледал многу поинаку.
3. Моли Рингвалд како Вивиан Вард во „Pretty woman“
Улогата која го поплочи патот кон ѕвездите за Џулија Робертс првично ѝ била понудена на Моли, но не ја прифатила. А и да бидеме реални, Џулија во овој филм е едноставно незаменлива.
4. Гвинет Палтроу како Роуз Девит Букaтер во „Titanic“
Првиот избор на Џејмс Камерон за оваа легендарна улога всушност била Гвинет Палтроу, но актерката го одбила велејќи дека улогата едноставно не е за неа. Вљубениците во филмот велат дека Гвинет никогаш не би ја остварила хемијата која ја долови Кејт Винслет со Леонардо Дикаприо. Што мислите вие?
5. Мерлин Монро како Холи Голајтли во „Breakfast at Tiffany’s“
Би можеле ли да замислите некој друг освен Одри Хепберн како стои пред излогот на Тифани облечена во еден од најпопуларните фустани на сите времиња? Всушност единствената личност која би можела да ја замени е незаборавната Мерлин Монро која наводно била инспирација за книгата „Појадок кај Тифани“. Труман Капоте има изјавено дека кога ја пишувал книгата ја замислувал Монро, па дури и сценариото за филмот било скроено токму како за неа. Мерлин ја одбила улогата поради нејзиниот професор по глума кој ја убедил дека глумењето проститутка би било лошо за нејзиниот имиџ.
6. Дајана Рос како Рејчел Марон во „The bodyguard“
Првичното сценарио за филмот било напишано во 1975 година, а филмот бил снимен дури во 1992 година поради бројните неуспешни обиди за снимање и менувањето на екипата. Една од можните комбинации биле Дајана Рос и Стив Мекквин во главните улоги.
7. Натали Портман како Јулија во „Romeo + Juliet“
Снимањата започнале со Натали Портман во главната улога, но дури откако ги виделе заедно со Леонардо Дикаприо на сцена, сфатиле дека разликата во години е премногу забележлива. Режисерот Лурман дури и изјавил дека Натали би била совршена за улогата, но изгледала премногу ситна и малечка за нејзини години, па како резултат на тоа Лео делувал постаро отколку што бил.
8. Дру Баримор како Номи Малон во „Showgirls“
Дру ја одбила улогата поради голотијата предвидена во сценариото, а со оглед на фактот дека Елизабет Баркли не успеа да се пробие во некои поголеми холивудски проекти после филмот, можеби Дру ја донела вистинската одлука.
9. Шарлиз Терон како Рокси Харт во „Chicago“
Николас Хајтнер ѝ ја доделил оваа улога на Шарлиз, но кога си заминал од проектот Роб Маршал, новиот режисер ја натерал повторно да дојде на аудиција. Очигледно на Роб не му се допаднало она што Шарлиз го понудила зашто сите добро знаеме дека оваа феноменална улога ѝ припадна на Рене Зелвегер.
10. Ема Томпсон како Катрин Трамел во „Basic instinct“
Тешко дека некоја друга актерка би одглумела некои од сцените онака како што го направи тоа Шерон Стоун, а многумина се согласуваат и дека токму нејзината улога го прави целиот филм. Самата Ема години подоцна има изјавено дека никогаш не би била толку добра во „Основен инстинкт“ како Шерон.
11. Мишел Фајфер како Кларис Старлинг во „The silence of the lambs“
Мишел ја одбила улогата поради премногу насилната содржина на филмот, но со оглед на огромниот талент сигурно би била исто толку добра колку Џоди Фостер.
12. Џулија Робертс како Виола Делесепс во „Shakespeare in love“
Првичниот избор за улогата на Виола паднал на Џулија и најверојатно овој филм денес ќе се наоѓаше во нејзината биографија да не се откажел Даниел Деј Луис од улогата на Шекспир.
13. Риси Витерспун како Сидни Прескот во „Scream“
Откако Дру Баримор била приморана да ја одбие улогата поради проблеми со датумите на снимањата, улогата во „Врисок“ ѝ била понудена на Риси, но не ја прифатила.
14. Хали Бери како Ени Портер во „Speed“
Хали ја одбила улогата, која Сандра Булок ја направи ѕвезда.
15. Ширли Темпл како Дороти Гејл во „The wizard of Oz“
Ширли била навистина голема ѕвезда во тоа време и секако дека MGM пробале да ја „позајмат“ од 20th Century Fox (Ширли имала потпишано договор со нив), но преговорите пропаднале и Џуди Гарланд ја добила улогата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Steve McQueen наместо Kevin Costner – е тоа можам да го замислам!