Легендарни олимписки победници
И покрај тоа што на секоја Олимпијада се појавуваат нови ѕвезди, сепак постојат легенди кои оставиле белег во историјата на Олимписките игри. Од почетокот на 20-от век па сè до денес, ова се најпознатите олимписки победници.
Џим Торп
Освоени медали: 15 медали на Олимписките игри во 1912 година кои подоцна му биле одземени затоа што бил професионален бејзбол играч од што заработувал. Во 1983 година му биле вратени само златните медали во универзалните атлетски дисциплини.
Олимписки дисциплини: петобој и десетобој
Паво Нурми
Освоени медали: вкупно 9 златни и 3 сребрени медали на Олимписките игри во 1920, 1924 и 1928 година. Дури 5 златни медали Нурми освоил само на Олимпијадата во Париз во 1924 година.
Олимписки дисциплини: трки на 8.000 метри крос кантри, 8.000 метри крос кантри во тимска конкуренција, трки на 5.000 метри и 10.000 метри; 5.000 метри крос кантри и 5.000 метри крос кантри во тимска конкуренција, како и трка на 3.000 метри со пречки
Џони Вајсмилер
Освоени медали: 5 златни медали и 1 бронзен на Олимписките игри во 1924 и 1928 година
Олимписки дисциплини: пливање во слободен стил и ватерполо
Џеси Овенс
Освоени медали: 4 златни медали, по еден во секоја дисциплина во која се натпреварувал на Олимписките игри во 1936 година во нацистичка Германија.
Олимписки дисциплини: трка на 100 метри, на 200 метри, штафетна трка 4 пати по 100 метри и скок во далечина
Емил Затопек – Чешката локомотива
Освоени медали: по 1 златен и 1 сребрен медал на Олимписките игри во 1948 година и 3 златни медали во 1952 година, во дисциплини во кои никогаш претходно не се натпреварувал, меѓу кои бил и маратонот.
Олимписки дисциплини: трки на 5.000 и на 10.000 метри и маратон
Касиус Клеј (Мохамед Али)
Освоени медали: златен медал на Олимписките игри во 1960 година
Олимписки дисциплини: бокс, тешка категорија
Вилма Рудолф
Освоени медали: 1 бронзен медал на Олимписките игри во 1956 година и 3 златни медали на Олимписките игри во 1960 година, при што Рудолф постави нови светски рекорди.
Олимписки дисциплини: трки на 100 и на 200 метри и штафетна трка 4 пати по 100 метри
Лариса Латинина
Освоени медали: рекордни 18 медали (9 златни, 5 сребрени и 4 бронзени) односно, по шест медали за време на три едноподруго одржани Олимписки игри во 1956, 1960 и 1964 година.
Олимписки дисциплини: прескок, греда, двовисински разбој и партер
Боб Бимон
Освоени медали: златен медал на Олимписките игри во 1968 година, при што постигнал светски рекорд во скок во далечина кој го држел цели 23 години, сè до 1991 година.
Олимписки дисциплини: скок во далечина
Марк Шпиц
Освоени медали: 2 златни, 1 сребрен и 1 бронзен медал на Олимписките игри во 1968 година и 7 златни медали на Олимписките игри во 1972 година, така што секој од седумте златни медали претставува нов рекорд во дисциплината во која се натпреварувал.
Олимписки дисциплини: 100 метри делфин, 100 метри слободен стил, 200 метри делфин, 200 метри слободен стил, штафета 4 пати по 100 метри слободен стил, штафета 4 пати по 200 метри слободен стил и штафета 4 пати по 100 метри мешано
Надја Команечи
Освоени медали: 3 златни медали, по 1 сребрен и 1 бронзен медал на Олимписките игри во 1972 година и 2 златни и 2 сребрени медали на Олимписките игри во 1980 година
Олимписки дисциплини: поединечен и тимски повеќебој, греда, партер и двовисински разбој
Теофило Стивенсон
Освоени медали: вкупно 3 златни медали во иста категорија, односно, по еден на три едноподруго одржани Олимписки игри во 1972, 1976 и 1980 година
Олимписки дисциплини: бокс, тешка категорија
Карл Луис
Освоени медали: 4 златни медали на Олимписките игри во 1984 година, 3 златни и 1 сребрен медал на Олимписките игри во 1988 година, 2 златни медали во 1992 и еден златен медал во 1996 година
Олимписки дисциплини: трки на 100 и на 200 метри и скок во далечина
Грег Лауганис
Освоени медали: сребрен медал на Олимписките игри во 1976 година, 2 златни медали на Олимписките игри во 1984 и уште 2 на Олимписките игри во 1988 година
Олимписки дисциплини: скок од 10-метарска платформа
Тимот од соништата (Дрим Тим)
Освоени медали: Професионалните НБА играчи, меѓу кои беа Меџик Џонсон, Скоти Пипен, Лери Брд, Мајкл Џордан и Карл Мелоун, освоија златен медал на Олимписките игри во 1992 година.
Олимписки дисциплини: кошарка
Стивен Редгрејв
Освоени медали: вкупно 5 златни и 1 бронзен медал за време на Олимписките игри во 1984, 1988, 1992, 1996 и 2000 година
Олимписки дисциплини: веслање
Мајкл Фелпс
Освоени медали: вкупно 16 медали од кои 6 златни и 2 бронзени медали на Олимписките игри во 2004 година и 8 златни медали на Олимписките игри во 2008 година
Олимписки дисциплини: 100 и 200 метри делфин, 200 метри слободно, 200 и 400 метри мешано, 4 пати по 100 метри мешано, 4 пати по 100 метри слободно и 4 пати по 200 метри слободно
Усеин Болт
Освоени медали: 3 златни медали на Олимписките игри во 2008 година, при што постави нови светски и олимписки рекорди на трките на 100 и 200 метри.
Олимписки дисциплини: трки на 100 и на 200 метри и штафетна трка 4 пати по 100 метри
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.