Кукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовите

Кукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовите

Во многу филмови се јавува потреба од учество на маса луѓе, во сцени каде што има навивачи на спортски натпревари, луѓе кои се забавуваат на концерти или во дискотеки, публика која гледа филм во кино и слично. Компјутерското генерирање слики е навистина скапо, а со статистите е тешко да се излезе на крај и плус чинат многу за да се најмат. За таа цел, компанијата „The Inflatable Crowd“ нуди алтернативно решение на овој проблем – 300.000 пластични манекени на дување за употреба во филмски сцени, каде треба да има голема маса луѓе.

Компанијата е оформена во 2002 година за креирање сцена со толпа луѓе во филмот „Сибискит“. Подоцна нивната монтажна пластична публика на дување се појави во уште 80 филмови, меѓу кои има и многу познати како што се „Говорот на кралот“, „Фрост/Никсон“, „Американски гангстер“, „Спајдермен 3“ и многу други. Овие пластични мажи и жени се исто така составен дел од сцените на многу ТВ серии и реклами. Кукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовитеВо продолжение следуваат неколку фотографии со пластичните луѓе сликани одблизу и оддалеку, како што ги гледаат гледачите. Кукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовитеПластичните кукли најпрво се вадат од нивните кутии и се дуваат. Кукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовитеПотоа се облекуваат. Сè уште немаат реални човечки лица. Маските за лице, заедно со периката, капата и слично се ставаат откако куклите ќе бидат комплетно облечени. Кукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовитеКукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовитеКукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовитеКукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовитеКукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовитеКукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовитеОдблизу надуваните кукли изгледаат ужасно неуредно и вештачко, но под одредено прилагодување на светлото и соодветен агол на снимање со камерата, тие изгледаат сосема добро и не се забележува дека не се вистински луѓе.

Кукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовите

Сцена од филмот „Американски гангстер“ со 1.500 надувани кукли

Кукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовите

Сцена од филмот „Машка пепелашка“ со 11.000 пластични кукли

Кукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовите

Сцена од филмот „Ние сме Маршал“ со 2.400 кукли на дување

Кукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовите

Сцена од филмот „Замена“ со 400 кукли

Кукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовите

Сцена од филмот „Пат кон славата“ со 4.000 пластични кукли

Кукли на пумпање „глумат“ толпа народ во филмовите

550 надувани кукли подготвени за „глумење“ во сцена од филмот „Ангели и демони“

Сцена од филмот „Машка пепелашка“ со 11.000 пластични кукли.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар