Креативни предмети од плутени затвoрачизатвoрачи

Креативни предмети од плутени затвoрачи

Празниците се официјално зад нас, па од многуте испиени шишиња вино, како доказ остануваат само плутените затвoрачи, кои повеќето од нас без размислување ги фрлаат, но некои сепак имаат обичај да ги чуваат во фиока, дури и без да имаат јасна идеја за што би им се нашле. Доколку сте од овие вториве, еве неколку идеи како плутените затвoрачи можат да се искористат и да се претворат во прекрасни предмети.

Направете интересни печати со кои ќе ги изненадите вашите деца, а истовремено сите заедно забавувајте се додека ги изработувате. Потребно е само да го засечете едниот крај на плутата во посакуваната форма, исечената форма да ја обоите и печатите се готови!

Креативни предмети од плутени затвoрачи

Направете свеќник што ќе допринесе за поромантична и потопла атмосфера во вашиот дом. Потребни ви се поголем и помал стаклен цилиндар кои треба да ги ставите еден во друг. Во поголемиот ги ставате плутите, а во помалиот свеќата и веќе поседувате уникатен свеќник кој ќе ја исполни вашата соба со топлина во овие зимски денови.

Креативни предмети од плутени затвoрачи

Табла со која подобро ќе ги организирате вашите семејни обврски, така што на неа прегледно ќе ги закачувате разните планови и потсетници, е вистинска идеја за секое семејство. Сè што ви треба е поголема дрвена даска со рамка, на која цврсто ќе ѓи залепите плутите.

Креативни предмети од плутени затвoрачи

Украсете го вашето купатило со едноставна, но сепак интересна простирка. За да ја изработите ќе ви треба скалпел или остар нож за да ги исечете плутите попречно по должина, мушама на која ќе ги лепите исечените парчиња и лепак. Соберете еднакви тапи за да добиете добар краен резултат. Откако ќе ги дефинирате димензиите, почнете да лепите од страните, а кога веќе ќе ја имате рамката, пополнете ја внатрешноста.

Креативни предмети од плутени затвoрачи

За дополнителни идеи, прочитајте „како поинаку да ги употребите тапите од вино?“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар