Креативни начини да го претворите сувото цвеќе во уметност

Креативни начини да го претворите сувото цвеќе во уметност

Цвеќињата се прекрасна творба на природата, но за жал, не секогаш може да ги имаме доволно долго свежи, за да може да уживаме во нивната убавина. Меѓутоа, со помош на техниката на хербариум или сушење, можеме да ги употребиме во „направи сам“ креации и со тоа да ги зачуваме покрај себе засекогаш. Сушењето и пресувањето се техники кои постојат уште од старите Рим и Грција, а на овој начин и ботаничарите успеваат целосно да ги проучат и да ги дознаат нивните тајни.

Креативни начини како сувото цвеќе да го претворите во уметност

Употребете го исушеното цвеќе за да создадете накит, маска за телефон или најразлични декорации за домот. На овој начин секогаш ќе имате уникатна креација која зрачи со убавината на природата.

Привремена тетоважа

Креативни начини како сувото цвеќе да го претворите во уметност

Со помош на лепење и премачкување со специјална маса наменета за нанесување на кожа, можете да создадете уникатна привремена тетоважа, која лесно ќе ја измиете по еден или два дена.

Освежувачи за воздух

Креативни начини како сувото цвеќе да го претворите во уметност

Со правилно измешани есенцијални масла и сушени цвеќиња, можете да направите спреј за освежување на воздухот.

Цветна сол за капење

Креативни начини како сувото цвеќе да го претворите во уметност

Исушените цветови измешајте ги со сол за капење и неколку капки етерично масло со мирис по ваш избор. Користете ја оваа сол за капење или за купка за стапала.

Цветна рециклирана хартија

Креативни начини како сувото цвеќе да го претворите во уметност

Со помош на процесот на рециклирање стара хартија, можете да создадете одлична основа за изработка на честитка или картичка со убава порака испратена до некого.

Украсување на подароци

Креативни начини како сувото цвеќе да го претворите во уметност

Завиткајте го подарокот со еднобојна хартија и на машничката врзете ѝ гранче суво цвеќе, за да постигнете единствен и декоративен изглед.

Маска за мобилен телефон

Креативни начини како сувото цвеќе да го претворите во уметност

Едноставно, поставете го сувото цвеќе под проѕирната маска на вашиот телефон. Можете и да го менувате секој ден, во зависност од желбата.

Природа во рамка

Креативни начини како сувото цвеќе да го претворите во уметност

Пресуваните цвеќиња и растенија поставете ги помеѓу две парчиња стакло и врамете ги. На овој начин ќе постигнете модерен и природен изглед на вашата соба.

Накит

Вградете ги сувите цвеќиња во изработки од епоксидна смола или помеѓу две проѕирни парчиња пластика. Навистина одличен моден додаток.

Дознајте и што зборува за жените нивното омилено цвеќе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар