Кратка историја на кралските фризури, од кралицата Елизабета до Меган Маркл

Кратка историја на кралските фризури, од кралицата Елизабета I до Меган Маркл

Фризурите и стилизирањето на косата на членките на кралските семејства со векови биле строго дефинирани, сè додека принцезата Дијана не внесе нов бран со нејзината нетипична, но препознатливо обликувана коса. Фризурата на Лејди Ди стана заштитен знак на 80-тите, а жените кои ѝ се воодушевуваа, сакаа да го постигнат истиот изглед. Потоа, на ред дојдоа нејзините снаи.

Едноставната долга коса на Кејт Мидлтон за кратко време го освои светот, додека пак идната сопруга на принцот Хари, Меган Маркл, смело експериментира со најразлични стилови. Погледнете како кралската традиционална фризура се менувала во текот на годините, од времето на кралицата Елизабета I, преку принцезите Маргарет и Ен, до Кејт и Меган.

Локните на кралицата Елизабета Ангела Маргарет Боус-Лион ѝ беа заштитен знак од раните 20-ти, до доцните 30-ти години од минатиот век. Таа во младоста ги носела лесно распуштени, а потоа често избирала лежерен, но истовремено и цврст кок. Подоцна ја скратила косата, но локните секогаш ѝ биле совршено средени.

Кратка историја на кралските фризури, од кралицата мајка до Меган Маркл

Принцезата Маргарет, во периодот околу 40-тите години имала кратка, убаво средена и негувана коса во согласност со модните правила и традиции на кралското семејство.

Кратка историја на кралските фризури, од кралицата мајка до Меган Маркл

Кралицата Елизабета II и нејзината препознатлива фризура – во нејзиниот стил нема големи промени. Обликот на фризурата го задржала уште од младоста, а често може да се забележи и со шапки, кои се нејзин омилен моден додаток и ден-денеска.

Кратка историја на кралските фризури, од кралицата мајка до Меган Маркл

Грејс Кели изгледала беспрекорно во годините кога станала член на кралско семејство. Оваа филмска икона во моментите на најголема популарност, негувала еден препознатлив стил – коса со должина до вратот, брановидна, со крупни локни и секогаш руса.

Кратка историја на кралските фризури, од кралицата мајка до Меган Маркл

На принцезата Ен секогаш ѝ е важно косата да ѝ е полна со волумен, без разлика дали е долга, кратка, права или слободно распуштена.

Кратка историја на кралските фризури, од кралицата мајка до Меган Маркл

Револуцијата на принцезата Дијана – таа е првата која им пркосела на правилата, носејќи кратка коса, со светли руси нијанси и многу волумен. Иако обликот речиси секогаш ѝ беше различен, нејзината препознатлива фризура била една од најбараните во фризерските салони во текот на 80-тите и 90-тите години.

Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ е препознатлива по косата со природна нијанса, средна должина и волуменозни бранови. Иако сама по себе оваа фризура не бара многу обликување и стилизирање, сепак предизвика општа опсесија кај девојките кои во 2010 година најдоа модна инспирација кај сопругата на принцот Вилијам. Дури и на својата венчавка, Кејт не отстапи од стилот кој го негува и ден-денеска. Сепак, откако и официјално ја доби титулата војвотка, често можеме да ја видиме со внимателно собрана коса и вешто избран моден додаток во неа. Неодамна, војвотката од Кембриџ се појави со нејзината препознатлива фризура, но нешто пократка од вообичаено.

Кратка историја на кралските фризури, од кралицата мајка до Меган Маркл

Меган Маркл, идната сопруга на принцот Хари, пред целосно да го прифати кралскиот начин на живот беше актерка која обожаваше да експериментира со фризурите, но секогаш ја задржуваше природната нијанса на косата. Како иден член на кралското семејство кој неретко им пркоси на правилата, таа продолжува со менување на стиловите, но она што останува препознатливо кај неа е негувањето на природната брановидна форма на нејзината коса.

Кратка историја на кралските фризури, од кралицата мајка до Меган Маркл

Прочитајте и зошто кралицата Елизабета го мрази своето крунисување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар