Кралицата Елизабета отвори конкурс за работа во Бакингемската палата
Ако отсекогаш сте сонувале да ја посетите Англија, да го запознаете кралското семејство и да живеете во најпознатата британска палата, ова е можноста за вас. Овие денови кралицата Елизабета е во потрага по нови станари за Бакингемската палата.
Понудата за работа се наоѓа на официјалниот веб-сајт на палатата и се бара готвач и послуга за во кујната, а платата е 22.000 евра годишно. Идниот готвач ќе може бесплатно да јаде, нема да плаќа за сместување и ќе добива по 33 дена одмор годишно. Покрај тоа, ќе работи само 5 дена во неделата.
Должности
Од готвачот се очекува секогаш да ја одржува кујната беспрекорно чиста и да ги координира другите готвачи кои мораат навреме да ја достават храната. Она што е интересно за конкурсот е тоа што не се бара работно искуство.
Исто така новиот готвач треба да биде тимски играч, да биде среќен и да покажува иницијатива за соработка со колегите со цел да се создаде позитивна работна атмосфера.
На кралското семејство му е важно новиот вработен да биде горд на неговата работа и на неговите резултати и да ги почитува санитарните стандарди. Сепак, познавањето на правилата за хигиена не е толку важно колку способноста на кандидатот да работи во тим.
Дали знаете како изгледа животот на вистинските модерни принцези?