Корисник на Редит ја споделил најинтересната лага со којашто се извлекол од читање лектири

Корисник на Редит ја споделил најинтересната лага со којашто се извлекол од читање лектири

Еден корисник на Редит им поставил прашање на лажговците: Која е најголемата лага со којашто сте се извлекле? Одговорите бил навистина интересни, но еден особено се истакнал.

Корисник на Редит ја споделил најинтересната лага со којашто се извлекол

Корисникот познат ако Orange_Kid споделил приказна која ни е позната на многумина. Додека бил во основно требало да прочита книга, но наместо тоа тој го изгледал филмот. Речиси секој од нас бил во ваква ситуација, бидејќи се разбира, поинтересно ни било излегувањето наместо читањето. Погледнете како овој корисник се извлекол со лагата што сме ја искористиле сите.

Мислам дека не е најголемата лага, но ми е омилена.

Во 7-мо одделение на часот по англиски имавме задача да одбереме кој било долг роман, да го прочитаме и потоа да го раскажеме усно и да одговараме на прашања од класот. Го одбрав „Сјаење“ (The Shining) и ако му дадев шанса ќе сфатев дека се чита лесно, но тогаш ми изгледаше како долга книга која не е забавна колку видео игрите.

Учителката одвојуваше неколку минути од секој час за да ги читаме нашите книги. Како што се наближуваше крајниот рок, таа забележа дека немам прочитано многу и постојано ми велеше дека треба да читам повеќе дома. Постојано ја убедував дека читам брзо, ќе стигнам, ќе ја завршам задачата и слично.

Полека се приближивме до денот пред мојата презентација – а јас немав прочитано ништо. Се разбира наместо да читам, го изнајмив филмот. Го изгледав два пати за да се осигурам.

Ја завршив презентацијата и бев што е можно понејасен за дејството. Вметнав и неколку мислења за пишувањето на Стивен Кинг што ги најдов на Интернет. Без проблем одговарав на прашањата од соучениците.

Но, учителката изгледаше скептична цело време. Се разбира, има многу популарен филм направен според оваа книга, а јас немав никакви шанси да ја завршам. Не е потребно да сте генијалец за да се сомневате. Знаев дека на крајот таа ќе ми поставеше прашање, па бев малку загрижен. Конечно ми го постави прашањето: Се прашував, дали може да ми кажеш за најголемите разлики помеѓу книгата и филмот.

За момент се исплашив, а потоа се сетив и одговорив: Се извинувам, не знам… Никогаш не сум го гледал филмот.

Дали знаете кои се најчестите женски лаги?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар