Кондоми потпишани од познатите личности
Некои од светски познатите личности имаат излезено со свои линии кондоми, други само го ставиле своето име на веќе постоечки бренд, а нечии имиња на ѕвезди биле злоупотребени само да се дојде до поголема заработка.
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
Во еуфоријата на кралската венчавка во 2011 година, кога можеше да се продаде сè и сешто со ликот на Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, компанијата „Crown Jewels“ пуштила во продажба кондоми со нивниот лик, од едноставна причина што сакала на тој начин да даде придонес во прославата на венчавката.
Кеша
Својата слава Кеша ја користи за соработка со компанијата „Лајфсталс“. Првите кондоми ги поделила бесплатно на еден од нејзините концерти.
Лудакрис
Компанијата „Магнум“ барала рапер за да ги промовира своите производи во хип-хоп светот, а изборот паднал на Лудакрис. Тој прифатил кондомите да бидат брендирани со неговото име затоа што сакал да даде некаков придонес во борбата против сидата.
Мадона
Верувале или не, Мадона никому не дала дозвола нејзиното име да се користи за оваа намена. Сепак, една европска компанија решила да ги пушти во продажба без да ја праша. Кондомите се продавале одлично сè додека компанијата не добила тужба и морала да ги повлече од пазарот.
Џулијан Асанж
Веројатно ниту Џулијан Асанж не бил прашан дали може да се продаваат презервативи со неговиот лик на нив, но тој нема покренато судски спор околу ова прашање. Впрочем, овој бренд се појавил во знак на исмевање на слабите и неиздржани обвиненија за силување против Асанж. Нивниот слоган е: „Протекува и повеќе од вистината“.
Џин Симонс
Ликот на Џин Симонс, вокалистот на рок бендот Кис, е првиот што се појавува не само на кутијата, туку и на самиот латекс. Таму стои сликата со неговиот исплазен јазик.
Дафт Панк
Познато е дека ваков бренд постои и дека се вика „Get Lucky“, според нивниот голем хит, но сè уште не се знае дали и кога кондомите ќе излезат во продажба.
Барак Обама
Компанијата „Say It With a Condom“ на последните претседателски избори во САД излезе со линија презервативи инспирирани од Претседателот Барак Обама. Слоганот беше: „Нема да се скине лесно како неговите ветувања“.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.