Колку врски, скршени срца и неверства има до пронаоѓање на вистинскиот партнер?

Колку врски, скршени срца и неверства има до пронаоѓање на вистинскиот партнер?

Просечната жена има 7 љубовни врски, 4 катастрофални состаноци и 4 врски за една вечер, пред да го запознае вистинскиот маж. Ќе се бакне со 15 мажи, ќе ужива во 2 долги врски и 2 пати ќе страда од скршено срце. Ќе биде заљубена 2 пати, ќе живее со еден бивши партнер и ќе биде еднаш извисена, пред да го запознае мажот од нејзините соништа. За споредба, мажите ќе бидат во просек 2 пати извисени и ќе имаат 6 врски за една вечер, пред да ја запознаат идеалната партнерка.

Колку врски, скршени срца и неверства има до пронаоѓање на вистинскиот партнер?

Истражувањето е спроведено врз 2.000 Британци за потребите на интернационалниот бестселер „Проектот на Роузи“, од авторката Грем Симшон од Велика Британија. Станува збор за потрагата на еден маж, по совршената жена.

„Ова е потсетник колку патот до животниот партнер може да биде долг и доста стрмен и тоа е така за повеќето од нас. Сите катастрофални состаноци, лоши врски и чудни забави за една вечер во нас будат чувство како никогаш да нема да ја запознаеме нашата сродна душа“ – вели Грејем.

Колку врски, скршени срца и неверства има до пронаоѓање на вистинскиот партнер?

„Но, иако нас сето тоа нè нервира, постои нешто преубаво во тие случајности, сите тие пропасти, лоши почетоци и скршени срца, како и незнаењето кога и како ќе се појави оној вистинскиот или вистинската во вашиот живот. Откако ќе пронајдеме некој со кој сакаме да го поминеме заедно животот, склони сме да гледаме само негативно на целиот тој процес на барање“ – додава таа.

Кај мажите, оваа работа е малку поразлична. Тие поминуваат во просек низ 6 врски, од кои 2 ќе траат подолго од година дена и ќе имаат повеќе сексуални партнерки, вкупно 10, додека жените во просек имаат по 7 сексуални партнери. Двата пола ќе бидат по еднаш изневерени во животот, а и едните и другите ќе изневерат барем еднаш.

Колку врски, скршени срца и неверства има до пронаоѓање на вистинскиот партнер?

6 од 10 мажи ќе дојдат до точка од животот кога ќе мислат дека никогаш нема да ја пронајдат онаа вистинската. Вкупно 59% од мажите мислат дека нивниот пат до „среќни и весели до крајот на животот“ ќе биде многу тежок. 8 од 10 испитаници рекле дека личноста на нивниот живот ја запознале кога најмалку се надевале, додека ¼ рекле дека никогаш не помислеле дека ќе завршат со тип на личност каква што избрале. Повеќе од половина од испитаните луѓе, го опишале партнерот како спротивност на нив. 94% од жените веруваат во вистинска љубов, во споредба со 88% од мажите.

Патот до запознавање на вистинскиот партнер (жени:мажи)

Број на љубовни врски 7:8

Катастрофални состаноци 4:4

Состаноци на „слепо“ 2:3

Извисени на состанок 1:2

Онлајн-состаноци 2:3

Бакнати партнери 15:16

Сексуални партнери 7:10

Партнери за една вечер 4:6

Љубовни врски (до 1 година) 3:4

Љубовни врски (над 1 година) 2:2

Број на партнери со кои живееле заедно 1:1

Број на партнери во кои биле заљубени 2:2

Скршено срце 2:2

Биле изневерени 1:1

Изневериле 1:1

Број на врски на далечина 1:1


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. mare Reply

    nema takvi vrski i ne barajte gi nikogas

  2. df Reply

    “Пољуби” ? Навистина? Ако пишувате и сте новинарка, барем обидетесе да пишувате бес србизми…

    • Снегулка Reply

      *обидете се
      **Без 😉

Остави коментар