Колку потомци на Џингис Кан има денес во светот?

Колку потомци на Џингис Кан има денес во светот?

Според легендите, Џингис Кан имал толку многу љубовници и деца што денес најверојатно низ Евроазија шетаат милиони негови потомци, но дали тоа е навистина така?

Колку потомци на Џингис Кан има денес во светот?

Некои извори велат дека Темуџин, името што го добил при раѓање, се оженил со својата прва сопруга Борте на 16 години. Според некои историчари таа била киднапирана и силувана, но тој успеал да ја ослободи и со неа имал 4 сина.

Со оглед на фактот дека во текот на следните 20 години владеел со поголемиот дел од денешна Русија, Кина, Ирак, Кореја, Индија и Источна Европа, како и очигледната наклонетост кон сопругите на неговите непријатели, резултатите до кои дошле научниците се совпаѓаат со тврдењата за кои повеќето сметаат дека се само легенда.

Студијата „Генетско наследство на Монголите“ сугерира дека околу 0,5% од вкупното машко население во светот се потомци на Џингис Кан. За ова откритие научниците истражувале околу 5.000 примероци крв кои биле собирани во период од 10 години од повеќе етнички групи населени во регионите на поранешната монголска империја.

Преку детална генетска анализа, научниците го откриле присуството на единствениот Y-хромозом кој секогаш се пренесува од татко на син и останува непроменет, а кој првпат се појавил во Монголија пред околу 1.000 години.

Само еден народ надвор од границите на поранешната империја посочи дека најверојатно потекнува од лозата на Џингис Кан – се работи за Хазарите, етничка група од Авганистан и Пакистан чија усна традиција тврди дека тие се потомци на големиот војсководец.

Од друга страна, генот е присутен во 8% од населението кое денес го населува регионот со кој некогаш владеел Џингис Кан. Се смета дека за да се постигне ваков резултат, тој морал да има деца со повеќе од 1000 жени и дека неговите освојувања се директно поврзани со ширењето на генетскиот материјал.

Џингис Кан останал запаметен во историјата како владетел со 6 сопруги и повеќе од 500 конкубини. За време на освојувањата тој ги избирал своите љубовници меѓу заробеното население, а некои легенди велат дека тој ги земал жените и ќерките на неговите непријатели. Една легенда вели дека тој секоја вечер менувал дури 6 жени.

Сепак, ставот на научниците е дека бројот на потомци сè уште останува нејасен и дека само откривањето на неговиот гробот како и можноста да се истражува неговиот генетски материјал можат да ја решат дилемата за потомците на Џингис Кан.

Откако прочитавте за потомците на Џингис Кан, можеби ќе сакате да прочитате и за Монголија, заборавениот и изолиран рај.

Извор: nationalgeographic.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар