Колку коњи гледате на оваа слика? Одговорот открива неколку ваши клучни работни карактеристики
Еден од петте најважни сетила е видот. Не само што очите се „огледало на душата“, туку тие исто така се и начин на кој секој поединец го гледа светот околу себе. Тоа може да го дефинира вашиот тип на личност и погледот кон животот.
Правила на играта:
- Погледнете ја сликата неколку секунди и пребројте ги коњите кои ги гледате
- Сега проверете кој е вашиот тип на личност според бројот на коњите што сте ги забележале
Гледате само 1 коњ
Вие сте тип на личност која повеќе ја интересира големата слика и полесно ја перципирате целата приказна отколку нејзините детали. Вие работите, проблемите или решенијата ги гледате во нивната целост, не губејќи време за анализа на деталите. Одлучувате брзо и едноставно.
Овие квалитети се бараат во правните фирми и вие би биле одлични при создавањето стратегии и донесувањето одлуки бидејќи сте способни да ги согледате работите „однадвор“, а во главата веќе гледате што се случува пет или шест чекори нанапред.
Иако овие квалитети се општо пожелни, немојте да престанете да работите на себе. Поврзете ги со знаењето и искуството и ќе станете исклучително посакуван работен „пакет“.
Сте забележале помеѓу 5 и 10 коња
Во вас се крие перфекционист. Вие не ги земате работите здраво за готово и посветени сте на оние вистинските работи кои имаат големо влијание на вашиот живот.
Одлучувате врз основа на информациите со кои располагате, интуитивно, но разумно. И покрај вашата разумност, вашиот начин на работа знае да биде многу опасен – како за вас, така и за околината. Но ова не ве забавува, туку директно ве насочува кон вашите цели. Вашиот најголем проблем е што немате добар план на работа.
Постојано сте во движење и за вас не постои фаза на мирување. Не е важно дали трчате или ползите, вие едноставно не застанувате.
Сте забележале 11 или повеќе коња
Заслужувате аплауз!
Имате исклучително остро око и ги забележувате работите кои другите тешко ги гледаат. По природа сте многу одговорни и тоа е една од причините зошто никогаш не ги пропуштате дури ни најситните детали.
Ова е една од причините зошто луѓето сакат да работат со вас. Свесни сте дека никогаш нема да ги изневерите.
За жал, перфекционизмот доаѓа со своите недостатоци. Често знаете да се најдете во ситуации во кои не сте сигурни дали треба да продолжите да работите на нешто или да завршите и да преминете на новата задача. Уверени сте дека сѐ може да биде подобро и тука се создава проблем, бидејќи немате граница и не знаете кога е вистинското време да застанете. Никогаш не сте целосно задоволни од својата работа.