Колку е добар сексот за една вечер за психичкото здравје?
Повеќе од половина од луѓето ќе се впуштат во секс за една вечер во текот на нивниот живот со личност која едвај ја познаваат или со која не планираат да започнуваат врска.
Додека сексот во врската го подобрува здравјето на кардиоваскуларниот систем, ја намалува депресијата и го зајакнува имунитетот, ова најверојатно не важи за сексот за една вечер. Истражувањата често ги поврзуваат повремените сексуални односи со грижа на совеста, ниска самодоверба и психолошки немир, особено кај жените.
Додека мажите жалат за приликата за секс што ја испуштиле, жените честопати зажалуваат бидејќи имале секс за една вечер.
Едно канадско истражување во кое учествувале 138 студентки и 62 студенти кои имале секс за една вечер покажало дека мажите најчесто зажалувале поради физички причини, како на пример поради тоа што партнерката не била доволно атрактивна. Од друга страна, жените зажалувале бидејќи подоцна чувствувале срам и вина.
Истражувањата кои ги проучуваат американските студенти имаат разни дефиниции за сексот за една вечер – од секс со личност со која ја познавате помалку од 24 часа, до „пријатели со привилегии“.
Некои од овие истражувања покажуваат дека и мажите и жените се чувствуваат депресивно, искористено и осамено по овие средби, а другите покажуваат дека овој секс предизвикува повеќе позитивни отколку негативни емоции.
Доколку спиете со некој што го познавате помалку од 24 часа, сте испиле многу, имате чувство како да морате да спиете со него или се надевате дека таа ноќ ќе се претвори во врска се факторите кои подоцна ќе направат да се чувствувате лошо.
Професорката по психологија, Жана Врангалова, тврди дека сексот за една вечер може да ја подобри вашата целокупна состојба така што ја зголемува самодовербата, сексуалното задоволство и прави да се чувствувате сакано.
Врангалова спомнала истражување спроведено врз 20.000 студенти кое покажало дека само 42% од девојките доживеале оргазам во нивниот последен секс за една вечер, додека кај мажите дури 78% доживеале оргазам. Според неа, оваа „дупка во задоволството“ може да ги објасни разликите помеѓу тоа што го мислат мажите и жените за сексот за една вечер. Иако професорката го поддржува сексот за една вечер, таа советува да не се впуштате во него доколку сакате или имате потреба повторно да ја видите таа личност.
Погледнете и кои се видовите сексуални односи за кои секоја девојка се кае.