Која е поврзаноста помеѓу тренинзите и проблемите со спиењето?

Која е поврзаноста помеѓу тренинзите и проблемите со спиењето?

Повеќето физички активни луѓе знаат дека вежбањето ни помага полесно да заспиеме. Сепак, најновото истражување покажало дека вежбањето непосредно пред спиење може да предизвика проблеми со спиењето кај здрави возрасни лица.

Која е поврзаноста помеѓу тренинзите и проблемите со спиење?

Тренинзите и проблемите со спиењето

Според истражувањето објавено во списанието Sleep Medicine Reviews, вежбањето со висок интензитет два часа (или помалку) пред спиење, може да влијае негативно врз квалитетот на спиење. Од друга страна, доколку помеѓу одморот и заспивањето има подолг временски период од два часа, тогаш можеме да спиеме „како бебиња“.

Истражувачите откриле дека зголемениот пулс е една од причините зошто на учесниците им било тешко да заспијат набргу по вежбањето со висок интензитет. Тоа довело до физиолошка возбуда која траела дури и по три часа откако престанале да вежбаат.

Покрај тоа, истражувачите ги навеле заморот на централниот нервен систем и промените во телесната температура како фактори што влијаат врз квалитетот на сонот по вежбањето.

Заклучокот е дека заспивањето може да се одложи поради зголемена телесна температура. Ова се случува бидејќи температурата на нашето тело мора малку да се намали за да може да настапи сонот. Спиењето може да се наруши доколку телесната температура е сè уште висока.

Која е поврзаноста помеѓу тренинзите и проблемите со спиење?

Што ако сакате да тренирате навечер?

Според истражувањето, вежбањето со висок интензитет повеќе од два часа пред заспивање може да има многу придобивки за сонот. Покрај тоа, краткиот период на акутна физичка активност со висок интензитет, за разлика од целосниот тренинг, не би имало никакви последици кај здрави, млади и средовечни лица и нема да го наруши спиењето.

Врз квалитетот на спиењето може да влијае и типот на вежбите што се прават навечер: на пример, постојат поголеми шанси трчањето да предизвика замор и воспаление на мускулите отколку велосипедизмот.

Затоа, обидете се да вежбате два или повеќе часа пред спиење, без разлика дали одите во теретана или вежбате дома. Ако не можете да се организирате или едноставно сакате да тренирате пред спиење, направете го тоа брзо, и ако е можно, нека биде со помал интензитет, како што е возењето велосипед.

Откако откривте за поврзаноста помеѓу вежбањето и проблемите со спиењето, ви препорачуваме да прочитате и кои се причините зошто ве боли главата по вежбањето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар