Која е единствената работа кај мажите што ги привлекува жените?

Која е единствената работа кај мажите што ги привлекува жените?

Повеќепати сме чуле дека феромоните имаат најголемо влијание кога станува збор за привлекување на партнерот. Според најновите истражувања, мажите би требало да почнат да го покриваат нивниот природен мирис со дезодоранс ако сакаат да им бидат привлечни на жените. Резултатите покажале дека жените ги сметаат помалку мажествените мажи за помажествени кога носат силен дезодоранс.

Која е единствената работа кај мажите шти го привлекува жените?

Во истражувањето биле вклучени 130 мажи и жени со цел да ја оценат мажественоста на ликот преку фотографии, а 239 мажи и жени требало да ја оценат мажественоста на мирисот на 40 луѓе од спротивниот пол. Тоа што го откриле сите ги изненадило.

Жените се почувствителни на мириси и затоа повеќе ги забележувале разликите во мирисот на телото. Мажите, од друга страна, пак, сметале дека жените се поженствени кога носеле дезодоранс. Најголемото изненадување било тоа што мажите кои не биле оценети како мажествени врз основа на ликот, биле оценети како помажествени кога носеле дезодоранс.

Оттука може да се извлече јасен заклучок дека дезодорансот никако не смее да се заборави кога станува збор за љубовните состаноци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар