Која билка може да преживее на Марс?
Како што ни е добро познато, Црвената планета се карактеризира со сурови услови. Така, почвата речиси и да не содржи корисни микроби, таа е заситена со соли и минерали поради што повеќето растенија кои ни се познати на Земјата не би можеле овде да успеат. Сепак, најновите истражувања покажуваат дека решението лежи во луцерката или позната под латинското име како Medica sativa.
Научниците откриле дека луцерката не само што е способна да преживее туку може и да расте во вулканска почва со состав сличен на почвата на Марс. Така, научниците сметаат дека тоа може да биде добра основа како почетна култура.
Со текот на времето луцерката би ја збогатила почвата каде се одгледува и таа би можела да се користи и за ѓубрење на земјиштето на кое подоцна би можеле да се одгледуваат репа, ротквици и зелена салата.
Поради ниската содржина на хранливи материи во почвата и високата соленост на водата практично е невозможно одгледување на која било култура. Затоа, од големо значење е да се зголемат хранливите материи и да се намали соленоста на почвата.
Претходните истражувања покажале дека екстремно издржливите култури кои растат на Земјата не можат успешно да се одгледуваат на Марс без дополнителни ѓубрива. Сепак, експертите утврдиле дека луцерката може да расте на марсовската почва и тоа без ѓубриво.
Од друга страна, за одржување на културите потребна е и чиста вода. Според научниците, солената вода од Марс може да се третира со бактерии, а потоа да се филтрира со вулканската карпа за да се добие свежа вода за одгледување.
Откако прочитавте која билка може да преживее на Марс, можеби ќе сакате да прочитате и како научниците пронашле езеро со течна вода на Марс.
Извор: nationalgeographic.rs