Која била првата личност која открила комета со помош на телескоп?

Која била првата личност која открила комета со помош на телескоп?

Покрај тоа што таа била првата личност која открила комета со помош на телескоп, таа била и првата жена која работела како професионален астроном во САД…

Која била првата личност која открила комета со помош на телескоп?

Во 19 век жителите на Нантакет, Масачусетс, биле познати по нивните телескопи насочени кон морето во исчекување на локалните риболовци и китоловци. Сепак, Марија Мичел го користела својот телескоп да ги набљудува ѕвездите.

Додека растела, таа му помагала на нејзиниот татко, аматер во астрономијата, да прави сложени навигациски пресметки за капетаните на бродовите, да го одреди времето на затемнувањето на Месечината и Сонцето, како и да го сними движењето на небесните тела.

Така, во 22:30 часот на 1 октомври во 1847 година, 29-годишната Марија била на покривот од нејзината куќа каде што нејзиниот татко изградил опсерваторија. Таа открила нешто што го немало на нејзините астрономски карти: комета.

Шеснаесет години претходно, данскиот крал Фредерик VI понудил златен медал за првиот човек кој ќе открие комета преку телескоп. Наградата ѝ припаднала на Мичел. Благодарение на нејзиното откритие таа постанала првата жена професионален астроном во САД. По една година, таа била избрана за првата жена член на Американската академија за уметност и наука.

Овие достигнувања ѝ помогнале на Мичел јавно да се залага за учество на жените во науката, за укинување на ропството и за правото на глас на жените.

Кометата 1847-VI, која таа ја открила, станала позната како комета на Мис Мичел. Освен тоа, еден од кратерите на Месечината е именуван по неа. Една година пред нејзината смрт, во 1888 година, нејзиниот брат океанограф, Хенри Мичел, бил дел од групата научници кои го основале Националното географско друштво.

Откако прочитавте нешто повеќе за првата жена професионален астроном во САД, можеби ќе сакате да прочитате и кои 10 пречки треба да ги надминат астронаутите на патот до Марс.

Извор: nationalgeographic.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар