Кој не би ги сакал? Откриени се нови позитивни ефекти врз здравјето на децата кои растат со кучиња

Кој не би ги сакал? Откриени се нови позитивни ефекти врз здравјето на децата кои растат со кучиња

Едно истражување при Универзитетот „Џон Хопкинс“ сугерира дека ризикот од развој на шизофренија во подоцнежниот животот бил приближно 24% понизок кај децата под 13 години кои израснале со куче како домашно милениче.

Кој не би ги сакал? Откриени се нови позитивни ефекти врз здравјето на децата кои растат со кучиња

Иако авторите на студијата посочуваат дека се потребни повеќе истражувања на оваа тема, резултатите од ова истражување сугерираат дека кај децата кои растат со куче од најрана возраст може да се промени имунолошкиот систем на различни начини.

Децата кои имаат куче за миленик реагираат поразлично на алергиските реакции затоа што се во контакт со животински бактерии и вируси, а растењето со куче може да влијае и на промените во микробиомот. Исто така, многу е важно дека растењето со куче го намалува стресот кај децата, што може да влијае и на хемијата на човечкиот мозок, покажала студијата.

Постојат неколку уверливи објаснувања за потенцијално заштитниот ефект кој го има контактот на детето со куче за време на раното детство. Можеби нешто од микробиомот на кучето се пренесува и на луѓето и го зајакнува имунолошкиот систем, истакнуваат истражувачите.

Претходните истражувања покажале дека бактериите кои се наоѓаат во дигестивниот систем на кучето може да бидат корисни за развојот на добрите бактерии во човековото тело.

Добро е познато дека тешките психијатриски нарушувања се поврзани со промени во имунолошкиот систем кои се јавуваат при изложеност на околината во раните години од животот, а бидејќи миленичињата честопати се меѓу првите кои имаат близок контакт со децата, логично било да се испита можната поврзаност на овие два фактори, според Роберт Јолкен, раководител на истражувањето и директор на Одделот за детска неврологија при Детскиот клинички центар „Џон Хопкинс“.

Научниците се изненадиле кога забележале дека има статистички значајно намалување во наодите со шизофренија, што значи дека не случајно постоел помал ризик за развој на оваа состојба кај личностите кои израснале со куче како миленик.

Студијата опфатила 1371 лица на возраст меѓу 18 и 65 години, вклучувајќи 396 лица со шизофренија и 381 на кои им било дијагностицирано биполарно нарушување.

Учесниците во истражувањето беа запрашани дали имале куче во текот на првите 12 години од нивниот живот.

Користејќи статистички модел, научниците откриле дека луѓето кои израснале со кучиња пред да наполнат 13 години, имаат дури 24% помала веројатност подоцна во животот да стекнат шизофренија.

Најголем заштитен ефект е забележан кај децата кои веднаш по раѓањето имале контакт со куче како домашно милениче.

Кога станува збор за мачките како домашни миленичиња, научниците откриле дека не постои значителна корелација помеѓу растењето со нив и подоцнежниот намален ризик од развој на шизофренија или дијагностицирање на биполарно нарушување.

Резултатите од ова истражување биле објавени во списанието PLOS One.

Можеби сакате да прочитате и за тоа дека луѓето повеќе ги бакнуваат своите кучиња отколку партнерите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар