Кои се придобивките од кундалини јогата?

Кои се придобивките од кундалини јогата?

Притисокот на модерното живеење влијае сè повеќе врз нашето здравје и благосостојба. Така, многумина од нас „излезот“ го бараат во традиционалните учења како јогата и медитацијата. Се обидувам да допреме до суштината на животот и самите нас преку древните мудрости.

Кои се придобивките од кундалини јогата?

Кундалини јогата или уште позната како јога на спознанието, била донесена од Индија на Запад 60-тите години од минатиот век од страна на Јоги Бхајан. Станува збор за моќна практика насочена кон зацврстување на еластичноста на телото, виталноста, радоста и енергијата. Ова, меѓу другото, се и неопходните елементи кои ни помагаат да го издржиме притисокот на модерното време.

Преку овој тип јога можете да научите како да ја искористите моќта што ја поседувате во себе. Притоа, еден од нејзините основни принципи е поврзувањето со внатрешниот „компас“ или интуиција.

Преку интуицијата, вие учите како да дојдете до мирот, насоката, фокусот и јасноста кои ве водат низ животот. Алатките кои ќе ви помогнат во процесот се умот, телото, душата, здивот и свеста.

Преку кундалини јогата можете да ја зајакнете вашата врска со сите овие елементи при што ќе успеете да воспоставите контрола врз сопствениот живот. Ова можете да го постигнете благодарение на разноразните движења и медитации кои се дел од секојдневната практика позната како Садана.

Кундалини јогата може и да го зајакне вашиот нервен систем при што ќе останете смирени и трезвено ќе реагирате на секоја ситуација. Освен тоа, ќе ви го зголеми нивото на енергија при што ќе можете повеќе да уживате во физичката, менталната и емоционалната благосостојба.

Меѓу другото, кундалини јогата може да ви го прочисти умот и да ве поврзе со вашата креативност.

Откако прочитавте за кундалини јогата, можеби ќе сакате да прочитате и за едноставна јога поза што треба да ја правите по обилен оброк.

Извор: wander-mag.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар