Кои се овогодинешните европски престолнини на културата?

Кои се овогодинешните европски престолнини на културата?

Барате места за одмор во Европа кои се полни со култура, но не се толку познати како туристички дестинации? Три одлични места за почеток се овогодинешните европски престолнини на културата – Веспрем во Унгарија, Темишвар во Романија и Елеусина во Грција.

Европската комисија ги избира европските престолнини на културата неколку години однапред. Во текот на годината секој избран град ќе има програма со настани чија цел е да го истакне културното богатство на градот и земјата.

Веспрем

Еден од најстарите градови во Унгарија, Веспрем, се наоѓа југозападно од Будимпешта, на северниот брег на езерото Балатон. Настаните оваа година вклучуваат буквално сè за секого. Од концерти на народна музика и игри и отворање на новата Куќа на уметностите до еколошки фестивал.

Кои се овогодинешните европски престолнини на културата?

Темишвар

Во минатото овој град бил еден од најпрометните градови во Романија, а во 2023 година неговата културна сцена ќе доживее голем бум. Со просечни 30 настани неделно, програмата на трансилванскиот град вклучува фестивали посветени на сè од панк и електронска музика до модерен танц, зелен живот, па дури и кафе.

Кои се овогодинешните европски престолнини на културата?

Елеусина

Градот познат по своите урнатини од времето на Стара Грција, но и по индустријата, оваа година ќе биде домаќин на неверојатни 465 настани, кои ќе вклучуваат изложби на фотографии, акробации и театарски претстави. Значи секој ден имате и повеќе од еден настан во просек за да не ви биде здодевно.

Кои се овогодинешните европски престолнини на културата?

Откако прочитавте за овогодинешните европски престолни на културата, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те евтини дестинации за патување во 2023 година.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Остави коментар