Кои се најдобрите нудистички плажи на Балканот?
Иако денес нудизмот не проаѓа премногу добро со конзервативната балканска култура, верувале или не, на Балканот се појавиле првите нудистички плажи во Европа. На овој полуостров има доволно точки каде што секој може да се бања како од мајка роден.
Хрватска
Хрватскиот брег е рај за нудистите. Всушност, Хрватска е првата земја во Европа која што направила нудистичка плажа, и тоа уште на почетокот на дваесеттиот век.
Коверсада е најголемата нудистичка плажа во Европа. Се наоѓа на Истра, каде што сите плажи се со камења, но овде голем дел е покриен со песок. Водата е кристално чиста и одлична за бањање.
Валалта важи за една од најубавите нудистички плажи во светот. Долга е 3,5 км и е оддалечена 8 километри од Ровињ. Најчесто ја посетуваат семејства од цела Европа.
Плажата Соларис има делови покриени со песок, со камења, со трева и поплочени делови. Се наоѓа на живописниот полуостров Лантерна.
Рајската плажа во Малинска на островот Крк исто така има делови покриени со песок, со трева и поплочен дел. Зад неа има прекрасна борова шума, а водата е кристално чиста.
Нудистичката плажа во кампот Истра исто така е рај за оние што уживаат да се бањаат сосема голи. Скриена е зад густа шума, а пред неа има извонредна глетка на бистрото Јадранско Море.
Грција
Слично како и Хрватска, нудистите ја обожаваат и Грција поради условите кои им ги нуди. Ова се само мал дел од десетиците нудистички плажи во оваа земја.
Банана Бич е полукружен збир од три плажи на островот Скијатос покрај чистите води на Егејското Море. Песокот има златна боја, а капачите во водата често можат да наидат и на делфини.
Плажата Глико Неро на островот Крит е позната по топлите извори кои се наоѓаат под еден дел од плажата и по карпестите предели на кои не е лесно да се сончате. Сепак, глетката од неа е спектакуларна, па затоа се смета за една од најубавите во светот. До неа се стигнува само се пешачење или со брод.
Миртиотиса Бич се наоѓа на островот Крф. Популарна е кај нудистите од целиот свет поради мекиот песок скриен зад еден спектакуларен карпест предел.
Островот Криси се наоѓа на 8 километри од Крит, долг е пет километри, а широк само еден километар. Целиот е окупиран од нудистите, а најголем дел може да се сретнат на главната плажа.
Црна Гора
Најпознатата нудистичка плажа во Црна Гора е Ада Бојана. Се наоѓа на истоимениот остров формиран во делтата на реката Бојана, каде што таа се влева во Јадранското Море. Покрај неа има и плажи кои не се наменети за нудисти, каде што посетителите можат да се испробаат во некои екстремни спортови на вода.
На 2,5 километри од Будва е сместена нудистичката плажа Јаз. Тоа е преубав песочен предел скриен зад една шума. Долга е повеќе од еден километар.
Бугарија
Во последните години Бугарија станува атрактивна за европските туристи поради ниските цени, а привлекува и доста нудисти.
Сите нудистички плажи во Бугарија се сместени во близина на Варна и Бургас, а за најдобра се смета онаа во близина на сливот на реката Ропотамо. Покрај неа, има уште една прекрасна песочна нудистичка плажа помеѓу Албена и селото Кранево.
Se e dobro no ponudi nema za nudisticki plazzi vo sto e problemot ni jas neznam a dobro bi bilo da ima ponudi arazmani jas bi odel ponudi te?