Кои се најдобрите дестинации за патување во септември?

Кои се најдобрите дестинации за патување во септември?

Многумина од нас одат на одмор во септември бидејќи аранжманите тогаш се најевтини, а времето сè уште е топло. Септември е добар месец за патување бидејќи има помалку гужва дури и на најпопуларните туристички дестинации. Па, доколку планирате да патувате овој септември, еве кои се најдобрите дестинации за вас.

Барселона

Септември е идеално време за посета на Барселона бидејќи тогаш е уште топло, но и плажите не се преполни со туристи како во екот на сезоната. Поради тоа што има многу цркви и историски атракции, Барселона е идеална дестинација за крајот на летото.

Крстарење по хрватскиот брег

Се препорачува крстарење по хрватското крајбрежје, а се предлага и посета на Плитвички езера како и на Националниот парк Мљет.

Минхен

На трето место се наоѓа Минхен, најпрво поради Октоберфест кој почнува од 21 септември и трае 16 дена. Секако покрај тоа има и богат ноќен живот, а на туристите им се предлага да го посетат Резиденс – најголемиот германски кралски комплекс за живеење кој сега е изложбена сала.

Мароко

Во септември во Мароко не е премногу топло како во текот на летото, а таму можат да се посетат бројни планински венци, стари градски заедници и пустини, а ќе ве пречекаат љубезни локални жители.

Бугарија, Софија

Во оваа земја има сè што нудат другите европски градови, но по доста пониски цени. На туристите им се препорачува да го посетат Националниот историски музеј, храмот на свети Александар Невски и Рилскиот манастир.

Покрај овие, одлични дестинации за патување во септември се и грчките острови, Токио, Сингапур, Франција, Кина, Перу и Сицилија.

Дознајте кои се туристичките дестинации со богата историска култура.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар