Кои градови нудат најдобра забава за дочек на Нова година?
Лас Вегас, САД
Што се случува во Вегас, останува во Вегас, особено на новогодишната ноќ. За оние со малку подлабок џеб, Вегас е вистинскиот избор. Покрај одличните забави во казината, се одржуваат и голем број концерти , фестивали и шоуа.
Берлин, Германија
Загарантирана забава за новогодишната ноќ има во Берлин. Во овој германски град се одржува една од најголемите забави на отворено за дочекот на Новата година. Во улица долга два километри се поставуваат барови, штандови со храна, а посетителите ги забавуваат одлично бендови и диџеи. Ноќта не завршува по огнометот, а забавата продолжува до раните утрински часови.
Амстердам, Холандија
Доколку сакате да запознаете луѓе од целиот свет, тогаш за Нова година појдете во Амстердам. Во центарот на градот ќе уживате во луда забава, добра музика, голем број пијалаци и супер храна.
Барселона, Шпанија
Новогодишните свечености во Барселона започнуваат во рестораните, баровите и ноќните клубови. Но, како што тече славењето, забавата се префрла на улиците. Според традициите, во Шпанија за новогодишната ноќ се носи црвена долна облека и се јаде 12 зрна грозје, за секој месец во годината да ви биде среќен.