Кога рационализирањето ви го попречува патот до среќата

Кога рационализирањето ви го попречува патот до среќата

Дали може прекумерното размислување за вашите избори да ви го попречи патот до среќата? Нова студија објавена во „Personality and Social Psychology“ вели дека шансите за тоа да се случи се големи.

Кога рационализирањето ви го попречува патот до среќата

Психолозите на група испитаници им задавале по два постера од кои требало да изберат еден. Во едната група, тие им дозволиле на индивидуите да го изберат својот омилен постер според нивните инстинкти, додека пак во другата групата се барало прво да направат листа од причини зошто го одбираат токму тој постер.

Истражувачите откриле дека индивидуите кои го одбирале нивниот омилен постер според инстинктот уживале во него и во текот на наредните 3 недели. Но, на индивидуите кои размислувале за нивната одлука пред да ја донесат, не само што постерот не им се допаѓал, туку дел од нив воопшто не го ни закачиле на ѕид во својот дом.

Кога од нас се бара да пронајдеме причини за нашите избори, тоа може да доведе до префрлање на нашето внимание кон стимулансот кој е полесен за вербализирање и опишување. Но, ова исто така може и да ја ограничи нашата способност да направиме избор според „емоција“ или „чувство“ кое не е толку лесно за објаснување со зборови.

Во случајот кога станува збор за она што ни се допаѓа во областа на уметноста, лесно е да забележиме зошто нашите емоции и чувства би биле добар водач. Правењето избори во другите области од нашиот живот функционира на сличен начин. Понекогаш причината ми се допаѓа затоа што прави да се чувствувам добро е единствената причина која ви е потребна, а доколку пробувате претерано да анализирате зошто е тоа така, има големи шанси да се убедите себеси дека не треба да им верувате на своите инстинкти.

Всушност, навистина ли треба да биде важно зошто повеќе сакате латино музика отколку хип хоп или пак, хорор филмови наместо драми? Најважно е да знаете дека токму тоа нешто ви се допаѓа и да си направите дополнителни активности на тоа поле со цел да си воведете повеќе задоволство во вашиот живот.

Често знаеме да си го уништиме нашето уживање во едноставните задоволства од животот бидејќи се обидуваме да ги рационализираме со цел да дознаеме зошто ни се допаѓаат или пак, да си докажеме на себе дека тие се најдобри. Но, ова е многу будалеста причина да не продолжиме да уживаме во нешто што навистина го сакаме, нели? Тоа ви се допаѓа, затоа што ви се допаѓа. Тоа е тоа. Нема потреба дополнително да ги комплицирате работите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар