Кога ќе исчезнат важните ресурси и како ќе се справи човештвото?
Ако се земе предвид дека многу продукти се направени од необновливи материјали, загрижувачки е фактот што многу од нив можат набрзо да исчезнат. Обновливата енергија станува популарна, но овие технологии не се заменуваат така лесно. Прочитајте кои се необновливите извори што се при крај и како ќе се справиме со тоа.
Песок: 2020-та година
Сегашна ситуација
Градежната индустрија зависи од песокот, материјал кој е најископуваниот минерал во светот. Во државите како Виетнам песокот би можел да се потроши уште во 2020-та година. Ова предизвикало создавање на интернационална индустрија за размена каде што државите го продаваат својот песок. Не се знае за колку точно време би се потрошил целиот песок, но сепак претставува закана.
План
Досега нема јасно решение за проблемот. Овој проблем не ѝ бил многу познат на јавноста, па дури ни на научниците сè до 2017-та година кога се рашири поради едно истражување. Има обиди да се направи материјал сличен на песокот или пак да се истражат алтернативите, како на пример дрво.
Ретки елементи: Помеѓу 2033-та и 2038-ма година
Сегашна ситуација
Многу од технологијата што ја користиме денес содржи некои од најретките материјали на Земјата. Вашиот телефон може да има над 64 уникатни елементи во себе и сите се клучни за правилно функционирање. Постојат 17 елементи кои влегуваат во категоријата „ретки елементи“. Околу 90% од залихата на ретките елементи доаѓа од Кина. Но, кинеските рудници се празнат и можно е да не остане ништо во наредните 15-20 години.
План
За среќа постојат други наоѓалишта во светот. Производителите ги бараат овие локации за потенцијални нови извори на ретки елементи. Покрај тоа, сè повеќе се охрабрува рециклирањето така што ретките елементи можат да се употребуваат повеќе пати.
Злато: 2038-ма година
Според некои експерти, изгледа дека на златната треска ѝ доаѓа крајот. Златото е едно од најверните метали на планетата и не само поради неговиот изглед. Златото можете да го најдете во речиси секоја електронска направа, а тоа преставува проблем. Рудниците за злато полека се празнат, а се наоѓаат сè помалку нови. Експертите веруваат дека имаме околу 20 години за копање злато.
План
Луѓето продолжуваат да бараат нови извори, но нема никаква гаранција дека ќе пронајдат нешто. Во меѓувреме, рециклирањето може да биде од помош.
Хелиум: Помеѓу 2043-та и 2048-ма година
Сегашна ситуација
Повеќето луѓе го знаат хелиумот како гасот од балоните. Но овој елемент се користи од магнетна резонанца, до воени монитори за радијација. Не можеме самите да произведеме хелиум, а единствените познати извори се сонцето и процесот на радиоактивен распад на камењата. Моменталната залиха на хелиум се создавала милијарда години и може да се истроши во наредните 25-30 години.
План
Мали се шансите да пронајдеме извори на хелиум, а уште помала е веројатноста да го создадеме во лабораторија. Најдобро решение е да се намали неговата употреба.
Литиум: 2068-ма година
Сегашна ситуација
Литиумските батерии се најчести и најефективни, па ова го прави литиумот навистина вреден. Иако предвидувањата од 2015-та година покажаа дека литиумот би ни траел уште 365 години, неодамнешното зголемување на побарувачката го спушти тој број на 50 години.
План
Без разлика кој вид енергија користиме, не можеме засекогаш да произведуваме автомобили. Немаме добра алтернатива за литиумот. Во еден момент ќе биде потребно да се адаптираме на свет без литиум, бидејќи трајно решение не постои.
Продолжува на следната страница…