Кое време од денот е најстресно?
Иако секое време од денот може да биде стресно, сепак експертите успеале да пресметаат кое е најстресно за повеќето луѓе.
Истражувањето спроведено од група научници во Лондон, во која учествувале две илјади луѓе, покажало дека најстресното време за повеќето возрасни луѓе е во просек околу 7:23 часот наутро. Како што може да претпоставите, ова се должи на честите т.н. утрински стресови.
Студијата исто така покажала дека има мала разлика во најстресното време од денот помеѓу жените и мажите.
На првата пречка во денот жените најчесто наидуваат малку порано од мажите, односно во 7:50 часот. Кај мажите, пак, првиот индикатор за стрес се појавува речиси еден час подоцна, поточно во 8:43 часот.
Интересно е тоа што овие утрински драми дури можат да ја намалат вашата продуктивност во текот на денот, објаснуваат експертите кои работеле на истражувањето.
Според нив, утринскиот стрес најчесто е предизвикан од тоа што не успеваме да направиме сè навреме во утринските часови. Сообраќајниот метеж, наоѓањето место за паркирање, подготвувањето појадок за семејството, подготвувањето на децата за градинка или училиште се само дел од проблемите со кои се соочуваме повеќето од нас, а сето тоа влијае на нивото на стрес.
Откако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и за друго истражување според кое кучињата можат да откријат кога сме под стрес.
Извор: citymagazine.danas.rs