Кое хоби го делат најуспешните луѓе?

Кое хоби го делат најуспешните луѓе?

Неретко го поминуваме времето читајќи за успехот и истражувајќи на теми како најуспешните луѓе во светот го живеат својот живот – од нивните утрински навики, до ноќните рутини. Но, која е главната карактеристика која навистина ги издвојува од другите како успешни поединци и им е суштински заедничка?

Кое хоби го делат најуспешните луѓе?

Најуспешните луѓе во светот читаат, и тоа читаат многу. Почнувајќи од Ворен Бафет, преку Марк Закерберг, па сѐ до Бил Гејтс, успешните луѓе се повеќе од обични читатели и велат дека 80% од денот го поминуваат читајќи најразлични пишани творби. Освен тоа што читањето помага во подобрување на меморијата, правилното распознавање на зборовите и зголемувањето на изразните способности, тоа исто така ќе ве релаксира и ќе ви помогне да се опуштите, што ќе му овозможи на вашиот мозок ментално да се одмори.

Токму за време на тој ментален одмор се јавуваат оние класични идеи за кои се вели дека ќе светне ламбичката. Се разбира, важна е и содржината која ја читате. Најуспешните луѓе ретко кога читаат белетристика, а најчесто читаат едукативни книги и публикации, како и биографии на луѓе чии животи ги инспирираат и мотивираат за понатамошен личен напредок. Па, не чекајте и одлучете се за некоја интересна книга уште денес. Така, ќе бидете на чекор поблиску до успехот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар