Ќе се заљубите во ова бебе родено со белег во облик на срце на неговото чело

Ќе се заљубите во ова бебе родено со белег во облик на срце на неговото чело

Чинар Енгин е посебно бебе од Турција кое „решило“ да им се заблагодари на своите родители за неговото раѓање, на еден сосема необичен начин. Кога Чинар дошол на овој свет, тој со себе донел и белег во облик на срце на неговото чело.

Не можете да не го сакате: Бебе родено со белег во облик на срце на неговото чело

„Откако медицинската сестра му ја исчисти крвта од неговата глава, јас бев првиот што го видов белегот“, вели Мурат Енгин, татко на бебето. „Бев навистина изненаден. Кога дојдов поблиску до неговата глава сфатив дека тоа е прекрасно срце. Тешко ми беше да ги задржам солзите.“

Мурат изјавил дека сестрите побрзале да се фотографираат со новороденчето и му го дале прекарот „љубовно бебе“. Чинар сега има 14 месеци, но тој и понатаму продолжува да привлекува внимание.

Не можете да не го сакате: Бебе родено со белег во облик на срце на неговото чело

„Кога се шетаме, сите луѓе ни се насмевнуваат и веднаш го засакуваат“. Се чини дека покрај сѐ, Купидон е реален!

Таткото Мурат вели дека ова бебе е како вистински подарок од Бог.

Не можете да не го сакате: Бебе родено со белег во облик на срце на неговото чело


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар