Кинеските научници најдоа начин да го трансформираат бакарот во „злато“

Кинеските научници најдоа начин да го трансформираат бакарот во „злато“

Според легендите, алхемистите поминале многу време обидувајќи се да го претворат оловото во злато и да направат еликсир што ќе им даде вечен живот. Некои сметаат дека ова е само легенда, додека други веруваат дека методите се заштитени и сокриени од јавноста. Како и да е, изгледа дека оваа идеја конечно вродила со плод, само што наместо олово, како основен материјал се користел бакарот.

Кинеските научници најдоа начин да го трансформираат бакарот во „злато“

Група научници од Кина од Институтот за хемиска физика Далиан објавиле истражување кое опишува како успеале да го претворат обичниот бакар во материјал „речиси идентичен“ со златото и среброто. Металот што научниците го добиле како резултат на нивните експерименти, можел да служи како катализатор на реакција произведувајќи алкохол од јаглен – нешто што го можат само благородните метали, како на пример златото.

Истражувачите бомбардирале парче бакар со жежок и наелектрилизира гас од аргон. Поради процедурата, атомите се наелектризирале и нивните електрони станале погусти и постабилни, правејќи го материјалот поблизок до златото во смисла на отпорност на ерозија, оксидација и високи температури. Истражувачите истакнале дека новиот материјал направен од евтин бакар може да ги замени скапите злато и сребро во производството на електронски направи, кои пак бараат значително количество во овие супстанци.

Овој материјал ќе биде многу полесен од обичното злато и нема да може да се користи за лажни парички и лажни златни плочки.

Дознајте нешто повеќе за „лудите“ научници кои станале дел од историјата, но не на начинот на кој би сакале.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар