Килим што можете да го направите сами: Ако станувате на лева нога, барем направете го станувањето удобно!
За овој проект ви е потребно малку време и вешти раце, а може да го вклучите и целото семејство! Резултатот што ќе го добиете ќе биде шармантен и пријатен килим за спалната соба или по ваш избор.
Пред сè, потребни ви се неколку видови волна. За дебелината на волната можете сами да одлучите и ве советуваме да одберете волна со различна дебелина и во неколку бои што одговараат на вашиот ентериер. Количината на волна што ви треба зависи од големината и дебелината на килимот што сакате да го направите. Сепак, можете да започнете со 5 парчиња волна и да видите дали ќе ви биде доволно.
Потребни материјали:
- неколку топчиња волна
- подлога со дупки
Начин на изработка:
- Направете волнени топчиња пом-пом. Завијте ја волната околу прстите и цврсто врзете ја завитканата волна на средина. Кога ќе го сторите тоа, пресечете ги врвовите на половината и наредете ја волната така што ќе добиете форма на топче. Целиот процес на изработка можете да го видите во видеото.
- Исто така, особено нагласуваме дека не треба да заборавите да оставите парче волна за да можете да го прицврстите килимот со подлогата со дупки.
- Откако ќе направите доволно волнени топчиња, врзете ги на подлогата со дупки и го имате вашиот нов мек килим!
Погледнете и како да направите интересни играчки од сунѓер за вашите деца?