Какви привилегии носи работата во некои од најголемите светски компании?
Линкдин
Во просториите на оваа социјална мрежа трипати месечно гостува некој кој држи инспиративни говори на вработените. Помеѓу досегашните говорници се и Дипак Чопра и Мартин Лутер Кинг Трети.
Адоуб
Адоуб му дава 5.000 долари на секој вработен кој посвојува дете. Поседуваат и разни спортски терени.
Мајкрософт
Бил Гејтс е доста великодушен кога станува збор за правата кои на вработените им следуваат по закон, па така оние кои отсуствуваат од работа поради бременост секогаш добиваат повеќе пари од законскиот минимум, а имаат можност и да користат бесплатни советодавни и менторски услуги. Покрај тоа, на дофат им е и спа центарот на компанијата.
Dealer.com
Оваа компанија продава веб-производи на автокомпаниите. За своите вработени обезбедува органска храна, 50% попуст за ски-карта на локалните планини во Вермонт, кафуле, спортски терени и театар во самата компанија.
Акраја
Овој производител на софтвер праќа професионални чистачи во домовите на своите работници по двапати во месецот. Тие за тоа време можат да се опуштат на работа со билјард и по некое пиво.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.