Каков тип пијаница сте вие?
Што правите кога ќе испиете некоја чашка повеќе? Дали флертувате, плачете во такси или се качувате на маса? Дознајте каков тип пијаница сте според она што најчесто го правите кога сте под дејство на алкохол.
1. Лезбиски фазон
Дали ви се случило да почнете да флертувате со други девојки или „валкано“ да играте со најдобрата другарка? Тоа значи дека (иако сте стрејт), кога ќе претерате со алкохолот влегувате во лезбиски фазон.
2. Претерано покажување љубов
Им делите комплименти на луѓе кои не ги познавате. Ви доаѓа сите да ги гушнете. Да беше малку потивка музиката во клубот, сите ќе ги повикавте на групна прегратка. Сте ја јавнале вашата најдобра другарка и мислите дека сега е вистинскиот момент да ѝ кажете колку вашиот живот без неа би немал смисла.
3. Премногу гласна пијаница
Сите околу вас можат без напрегање да слушнат за вашите омилени секс пози и за она што ви се случило вчера. И да, оние до вас се сега глуви.
4. Синдром на несвестица
Ви се случило да се онесвестите врз капутите во клубот или да заспиете во такси на враќање дома? Да, вие сте дел од оние кои ја демонстрираат својата пијана состојба со несвестица.
5. Кралица на драмата
Кога сте трезни сте пацифисти, но по некоја чашка плус станувате личност која би предизвикала војна. Не дај боже некој да ве турне или да ви рече нешто што не ви се допаѓа. Тогаш ги привлекувате сите погледи кон себе станувајќи вистинска кралица на драмата.
6. Опсесивно-компулсивно растројство
Сите ваши пријателки се запознаени со фактот дека сте го преболеле бившиот, и тоа е така сè додека не испиете малу повеќе. Тогаш на сцена истапува вашето компулсивно растројство – да испраќате СМС-пораки со секаква содржина на вашиот бивш.