Како се поздравуваат луѓето во различни земји?

Како се поздравуваат луѓето во различни земји?

Во зависност од тоа каде живеат, луѓето во различни земји се поздравуваат на различни начини. Тие рутински навики ја покажуваат нивната почит кон другите, па доколку останувате подолго време на одредено место, ќе треба да ги научите нивните форми на поздравување. Погледнете ги овие 14 ритуали ширум светот кои доста се разликуваат помеѓу себе.

Филипини

Како се поздравуваат луѓето во различни земји?

Филипинците изведуваат прекрасен гест наречен „Мано“, со цел да покажат почит кон постарите. Тие ја земаат нивната рака и со нежно движење го притискаат своето чело на неа.

Јапонија

Како се поздравуваат луѓето во различни земји?

Јапонците се поздравуваат со поклонување. Траењето и степенот на наведнување може да варира во зависност од ситуацијата.

Индија

Како се поздравуваат луѓето во различни земји?

Луѓето во Индија го изговараат зборот „Намасте“ (што во буквален превод значи ти се поклонувам) додека ги ставаат своите раце до градите со дланките притиснати заедно и прстите свртени нагоре.

Тајланд

Како се поздравуваат луѓето во различни земји?

Слично како и навиката кај Индијците, поздравот на луѓето во Тајланд е наречен „Уаи“ и тие прават потези како да се молат, а притоа и малку се поклонуваат.

Франција

Како се поздравуваат луѓето во различни земји?

Во Франција луѓето кога ќе се сретнат обично се бакнуваат еден со друг.

Нов Зеланд

Како се поздравуваат луѓето во различни земји?

Луѓето во Нов Зеланд се поздравуваат со традиционалниот гест „Хонги“, кој подразбира притискање на носот и челото заедно.

Боцвана

Како се поздравуваат луѓето во различни земји?

Во Боцвана, за да поздравите некого треба да следите серија едноставни потези. Подадете ја десната рака додека левата ја ставате на вашиот десен лакот. Спојте ги рацете со другата личност користејќи го прво палецот, а потоа и вашата дланка, па вратете се во оригиналната позиција.

За да видите уште интересни поздрави кои се користат ширум светот, преминете на наредната страница.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар