Научниците открија како патувањето влијае на човечкиот мозок

Како патувањето влијае на човечкиот мозок?

На сите ни е добро познато дека одморот на место со свеж воздух ни го подобрува расположението и ни помага да си ја вратиме смислата на нашето постоење. Но, изгледа дека постојат и многу други придобивки кои можеме да ги добиеме од одморот. Од неодамна научниците открија дека времето поминато во релаксација надвор во природа физички го менува мозокот на подобро.

Научниците открија како патувањето влијае на човечкиот мозок

А која е причината за тоа? Одморот поминат во природа, како и патувањето на далечни, ненаселени и диви места, не само што го збогатува човекот со нови импресии, туку и му помага да престане да размислува. Според експертите, најдобриот начин да се справите со лошото расположение е да го исклучите вашиот мозок. Интересното е што кога ќе успееме да го направиме тоа, нашите мозоци буквално можат да се трансформираат.

Оваа теорија била потврдена кога група научници спровеле тестови на одреден број луѓе кои отишле на прошетка во шума час и половина. Кај секој учесник во овој експеримент била забележена значајно намалена активност на предниот голем мозок, односно оној предел од мозокот кој е одговорен за психолошките болести. Замислете си само што би можело да се случи доколку еден човек помине не само час и половина во шума, туку неколку дена или повеќе.

Научниците исто така дознале како промените во мозокот можат да влијаат на нашиот секојдневен живот. Тие побарале од група на волонтери да поминат неколку дена надвор од градот и да ги исклучат сите електрични уреди. Тие последователно правеле тестови за нивната креативност и извршувале некои комплицирани задачи. Резултатите покажале дека нивото на нивното креативно размислување било зголемено за 50%.

Според тоа, за да имате добро здравје, долг живот, хармонични меѓучовечки односи и вистинска, автентична среќа, треба одвреме-навреме да оставите сѐ, да се спакувате и да отидете на некое мирно и прекрасно место. Зошто да не го направите тоа следниов викенд?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар