Како јадете сладолед и што кажува оваа навика за вас?
Не сакате кога сладоледот ви се топи и слева низ рацете, па заради тоа избегнувате корнети, а можеби пак мислите дека тоа е единствениот начин на кој треба да се јаде овој десерт? Секој од нас има свој омилен начин на кој го јаде сладоледот, па така некои не можат да замислат ништо друго освен корнет, додека на други чашата и лажичката им се вистинскиот избор.
Токму начинот на кој уживате во омилениот летен десерт открива многу за вас, но и за вашите пријатели. Па, кој е вашиот омилен начин за уживање во сладоледот?
1. Во корнет
Вие сте личност која ги сака правилата и тешко ви е да живеете поразлично. Според вашето мислење сладоледот не би требало да се јаде поинаку и знаете да им се чудите на другите кога не го јадат на тој начин.
2. Во чаша
За вас може да се каже дека сте внимателни во животот, но и многу практични. Луѓето со задоволство ве прашуваат за совет, бидејќи знаат дека не сте слаткоречиви и дека ќе им ја кажете вистината без разлика колку е таа болна. Вам ве нервира сладоледот во корнет бидејќи тече насекаде, капе по облеката…
3. Во сад од вафла
Не ви е грижа што мислат другите и постојано сте во центарот на вниманието, малку сте поразлични од останатите и имате држење како филмска ѕвезда. Знаете дека садот направен од вафла не ви е потребен за да го изедете сладоледот, но вие го сакате токму таков.
4. Помеѓу бисквити, како сендвич
Вие сакате да уживате и да се надградувате себеси. Кога ќе се почестите со сладолед, не сакате тоа да биде нешто обично, туку нешто величествено за вашето непце. Може да се каже дека многу ги сакате колачите, но и сладоледот, а во ваквата варијанта одеднаш го добивате и едното и другото.
5. Во корнет, но со лажичка
За вас може да се каже дека сакате да им угодувате на другите. Некако сакате со корнетот да се вклопите во масата, но длабоко во себе копнеете за практичност. Да го изедете сладоледот на вака за вас е најлесниот начин.
6. Скоро растопен
Сакате предизвици и уживање, а за вас предизвик претставува и тоа како да го изедете сладоледот доволно брзо додека целиот не се растопи, а повторно да не брзате. Освен тоа, омекнатиот сладолед е навистина вкусен.
Тврдите дека сте вистински љубители на ова летно освежување? Тогаш дознајте нешто повеќе за него и погледнете неколку интересни факти за сладоледот коишто можеби не сте ги знаеле.