Како изгледаат затворските ќелии ширум светот? - Part 3

Како изгледаат затворските ќелии ширум светот?

11. Чамп Долон, Швајцарија

Како изгледаат затворските ќелии ширум светот?

Главната цел на затворот била да ги држи затворениците до судењето. Бројот на затвореници постојано се зголемувал па се појавил проблем со пренаселеност. Во затворот има 115 разни националности, а Швајцарци се само 7,2%.

12. Маула, Малави

Како изгледаат затворските ќелии ширум светот?

Овој затвор е навистина пренаселен – во 2015-та година речиси 200 луѓе биле сместени во ќелија за 60. Затворениците, од кои поголемиот број се имигранти од Етиопија, мораат да делат еден тоалет со 120 луѓе и една чешма со 900 луѓе. Затворениците се хранат еднаш дневно поради малиот буџет на владата.

13. Ландберг, Германија

Како изгледаат затворските ќелии ширум светот?

Ова е затворот во кој Хитлер ја напишал „Мојата борба“ и во кој биле погубени 278 нацисти за нивните злодела. Денес условите се значително подобри. Затворот нуди 36 курсеви за затворениците вклучувајќи курс за пекар, електричар, сликар, касап, столар и слично.

14. Поправна установа Лас Колинас, Калифорнија

Како изгледаат затворските ќелии ширум светот?

Овој затвор бил дизајниран како првата поправна установа од овој вид во САД. Овде се користи психологија на однесување и опкружување со цел да се подобри искуството и однесувањето и на затворениците и на вработените во затворот.

15. Поправен центар за рехабилитација Цебу, Филипини

Како изгледаат затворските ќелии ширум светот?

Ова е затвор со максимално обезбедување во кој затворениците имаат рутина со танцување како дел од секојдневното вежбање и рехабилитација. Многу од перформансите се снимаат и се објавуваат на Интернет, па затворениците се на некој начин и популарни.

Знаете ли кои се најопасните затворски банди во светот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар